ОВА МОЖЕШЕ ДА БИДЕ И НАШАТА КАТИЦА ДА НЕ СЕ ИЗЛАЖЕШЕ ПО ПАРИТЕ: Лаура Кодрута Ковеси и официјално главен европски обвинител

Објавено на 25.09.2019 во 18:16:24 часот | Македонија

Европскиот парламент и Советот на Европската унија постигнаа договор за назначување на Романката Лаура Кодрута Ковеси за прв главен обвинител на Европа.

Во јули, романскиот претседател Клаус Јоханис ја разреши Ковеси, поранешната јавна обвинителка, од таа функција.

Уште во февруари, започна процесот за разрешување, откако таа беше обвинета за „кршење на Уставот“ и „за наштетување на угледот на Романија во светот“.

Овој потег следеше по пресудата на Уставниот суд на Романија, која, според мислењето на критичарите, може да наштети на независноста на судството и да ја загрози борбата против корупцијата.

Ковеси (44) е на чело на антикорупциската агенција ДНА од 2013 година и веќе со месеци ја напаѓа Социјалдемократската влада, чии контроверзни проекти за реформа на судството беа критикувани.

Министерката за правда, Тудорел Тоадер го започна процесот на отповикување на Ковеси во февруари. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на романските градови за да ја поддржат обвинителката, а петицијата таа да остане на должност објавена на Интернет, собра скоро 110.000 потписи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет