Македонски производи се претставуваат на прехранбениот саем „World food Moscou 2019“

Објавено на 25.09.2019 во 18:02:46 часот | Македонија

Дванаесет македонски компании со Национален штанд до 27 септември се претставуваат на најзначајниот прехрамбен саем во југоисточна Европа „World food Moscou 2019“ во Руската Федерација.

Саемот се одржува во „Крокус експо центарот“ – најголемиот изложбен простор во овој дел од светот, а настапот е во организација на Македонско-рускатата стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство.

На оваа водечка изложба на храна и пијалоци во Русија, македонските производители и преработувачи на свежо и конзервирано овошје и зеленчук традицион имаат Национален штанд кој се простира на површина од 100 квадратни метри, а бизнис -делегацијата се состои од 27 деловни луѓе.

 

Како што соопштија од Македонско-рускатата стопанска комора своите производи ги изложуваат извозниците на свежо овошје „Агролозар“ од Струмица, „Јуникс“ од Скопје, „Суна стар“, „Румко“ и „Аппле ленд“ од Ресен, „Душан Ќириќ“ од Росоман и „Перминдекс“ од Градско, како и производителите и извозниците на конзервирани земјоделски производи „Кривогаштани промет“ од Прилеп, „Аграр Ко“ од Кочани, „Алтера фуд“ од Гевгелија, „Конимекс“ од Скопје и „Бест фуд“ од Радовиш.

– Интересот за македонските производи меѓу руските потрошувачи е во пораст и со оглед на тоа што на оваа саемска манифестација трае рамковно договарање на пласманите за следната година, македонските бизнисмени се надеваат дека од овој голем бизнис настан ќе се вратат во земјата со најави за натамошен зголемен пласман на своите производи на рускиот пазар – вели Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

Колку е тоа важно можеби најдобро зборуваат податоците од руските статистички органи дека до крајот на јуни вкупната трговска размена меѓу двете земји е речиси за четвртина помала – забележен е пад од 23,62 отсто. Обемот на размената за шест месеци изнесува нешто над 49 милиони САД долари или 15,17 милиони САД долари. Рускиот извоз во овој период е преполовен (минус 52,9 отсто) и изнесувал 15,59 милиони САД долари.Негативниот трговски биланс е на страната на Република Северна Македонија и изнесувал 17,86 милиони САД долари. Инаку, земјава е на 90 место на листата на земји од кои Русија увезува.

На саемот годинава изложуваат 1.762 компании од 65 земји и ќе го посетат 30.710 трговци од 80 руски региони и 98 други земји од светот. Се очекува вкупна посета од 80.000 луѓе. На саемскиот простор се лоцирани 64 национални штандови, меѓу кои и од земјава (8 од Америка, 9 од Африка, 23 од Европа и 24 од Азија).

Во текот на траењето на саемот ќе се одржат 25 настани – трибини, промоции, бизнис-средби на кои ќе дебатираат преку 180 бизнисмени од целиот свет.

Бизнис делегацијата од земјава ќе го посети и Трговско-изложбениот „Македонски дом“ во Москва, компанија формирана да го поттикнува македонскиот извоз во Русија, при што ќе се оддржи бизнис – форум и билатерални деловни средби со челните луѓе на некои од руските синџири маркети и со други заинтересирани за купување на свежи и конзервирани земјоделско – прехрамбени производи од земјава.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет