БОМБА ВО СУДНИЦА, КАКО ВМРО МИСЛИ ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ПОСЛЕ ОВА: Груевски и Божиновски ја граделе вмровската империја со државни пари давани на фирми преку тендери!!!

Објавено на 25.09.2019 во 10:54:37 часот | Македонија

Преку двата предмети „Талир“ и „Талир 2“, ВМРО ДПМНЕ со украдени пари купувала имот за партијата низ цела држава, а ја изгради и партиската палата во Скопје. И на двете дела главен спроведувач е Никола Груевски, со крајна цел – зацврстување на неговите и на позициите на неговите соработници во партијата, претворање на партијата во приватна своина, што и не беше далеку од реалноста.

Ако Никола Груевски не му испрати полномошно на адвокатот Дончо Наков или на некој друг адвокат, тогаш судот ќе му назначи адвокат по службена должност и судењето за „Талир 2“ за криминалот со имотите на ВМРО ДПМНЕ ќе може да започне, иако очекувано е дека веднаш на следното судење адвокатите на Груевски и на Кирил Божиновски, заедно обвинети во предметот со уште тројца (шестиот ја призна вината), ќе настапат со стратегија за ново одложување и така до недоглед, како примерот со „Талир“ каде десетина пати процесот се одложува, се додека судот не стане построг и не започне поефикасно да ги организира и спроведува судењата за предметите на СЈО. Двата споменати предмети се кристиално јасни што се однесува до доказите и до вината на обвинетите, објави НоваТв.мк.

Во „Талир 2“ кој се однесува на криминалната изградба на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ постои експлицитна писмена комуникација помеѓу Груевски и Божиновски, но постојат и два документа кои во СЈО ги сметаат за цврст материјален доказ кој двајцата ќе мора да ги однесе во затвор – Договор за пренесување право на градба и Договор за регулирање права и обврски помеѓу партијата и „Бетон“ кои се спротивни на Законот за финансирање на политичките партии и Законот за облигациони односи.

Во другиот случај „Талир“ каде покрај Груевски и Божиновски, обвинети се и Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристоски, обвинителите како доказ го имаат признанието на Елизабета Чингаровска, која беше исто така обвинета, а потоа и осудена на условна казна, но и исказите на стотици сведоци од ВМРО ДПМНЕ чии имиња беа злоупотребени како партиски донатори.

Газди на фирми добивале упатства од Божиновски во владиниот кабинет, а парите оделе кај Груевски

„Талир“ беше покренат во ноември во 2018. и пред обвинителниот акт да наполни година, судскиот процес се уште не започнал. Постојаните тактики и игри на адвокатите, но и толерирањето на таквото однесување од страна на судот и негова замреност во однос на предметите на СЈО, можно е уште долго да ги одложуваат и двата предмета за стекнатиот имот на ВМРО ДПМНЕ.

Каква била шемата за финансирање на партијата?

Во меморијата на јавноста за овој случај, најмногу е врзан детаљот дека нелегални пари преку уплатници пополнети во име на партиски членови и симпатизери во вид на донација биле уплаќани на сметката на ВМРО ДПМНЕ.

Но, кои се тие пари?

Обвинителниот акт за „Талир“ открива дека тоа биле испумпани државни пари преку договорени компании на кои им биле делени тендери за извршување на јавни услуги.

Практично, спротивно на Законот за финансирање на политички партии Груевски и Божиновски вршеле притисок на правни субјекти кои, по пат на договор, вршеле јавни услуги за државни органи, за единици на локална самоуправа или за јавни установи или претпријатија, така што обвинетиот Божиновски, користејќи го своето реално влијание во општеството и својата службена положба како Генерален секретар во своите работни канцеларии во Владата ги повикувал претставниците на фирмите, а на дел од состаноците бил присутен и обвинетиот Миле Јанакиески.

На овие непријатни состаноци биле повикани Друштвото за градежништво „Пелистер“- Битола, Друштвото за производство, трговија и инженеринг „Тератрејд“ – Скопје, Друштвото за проектирање и градежништво „Урбан Инвест“- Кавадарци, но и други фирми на кои им загорчил бизнисот што претходно го добивале од државата. Од сите нив, најдиректно се побарани пари во готовина како противуслуга за добиените договори за јавни набавки и остварениот профит.

Немоќни и без опција да го пријават случајот, сите вмровски фирми кои „лижнале“ од државниот мед биле доведени во позиција дека освен исплата кон партијата не постои друга опција. Тоа и го правеле, а парите од незаконските извори на финансирање ги предавале директно кај Груевски. Тој, иако знаел дека парите потекнуваат од своевиден рекет, спротивно на законот, наместо да ги врати парите овозможил нивно користење. Имено, откако прво се обезбедувале парите се пристапувало кон акцијата со лажните донации кон партијата и на тој начин трансферирале дури 4.6 милиони евра, пари кои власта на ВМРО ДПМНЕ ги одзела од компаниите кои работеле со јавните пари. Потоа, Груевски го назначил Божиновски да управува со црниот фонд на партијата.

Целиот текст прочитајте го на НоваТв.мк

 

 

loading...

 

Македонија

Свет