АЈДЕ ПОЧЕЛО ЈЕ ПОЧЕЛО, ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМО СЛАВЈЕ СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ: Комисијата за надворешни работи на Бундестагот препорача отворање преговори за Македонија!!!

Објавено на 24.09.2019 во 23:15:44 часот | Македонија

Доцна вечерва заврши сесијата на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот чии членови му препорачаа на германскиот парламент да донесе позитивна одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

Според информациите на „360 степени“, дебатата за Македонија течела со позитивен и ветувачки тон, додека за Албанија имало разногласие, но благодарејќи на влијанието на пратеникот на СПД, Јосип Јуратовиќ, и нашата сосетка поминала низ ова парламентарно сито.

Според членовите на Комисијата, двете земји заедно ќе успеат да го отворат патот кон ЕУ, а со тоа ќе придонесат за интеграција на целиот Западен Балкан.

На пленарната седница во четврток вечер, се очекува Бундестагот а ја потврди одлуката на Комисијата за надворешни работи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет