(Видео) Судиката Кацарска по барањето на сопругот на Јанкуловска да се испита нејзината непристрасност: Во ниедна нормална земја вакво безвесно барање без аргументи не се зема за сериозно, бев понижена со саати испрашувана и малтретирана, ова е лоша порака за сите други судии кои ќе се охрабрат против криминалците!

Објавено на 24.09.2019 во 22:53:19 часот | Македонија

Сопругот на Гордана Јанкулоска, кој е и нејзин адвокат, Влатко Илиевски, пред тричлената комисија од Судскиот совет, повеќе од еден и пол час ја објаснуваше претставката за разрешување на судијката Добрила Кацарска.

Претставката е поднесена поради три основи: пристрасно водење на постапката, намерна повреда на правата за правично судење и груба повреда на судискиот кодекс.

Илиевски се повика на пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур и рече дека Кацарска при изрекувањето на пресудата за случајот „Тенк“ за Груевски и Поповски веќе имала заземен став и не побарала изземање од судењето за неговата сопруга. Тој цитираше пресуди и спомена за брзината со кое се одвивало судењето за набавката на „мерцедесот“.

Како што рече Илиевски, кога Јанкулоска била во ризична бременост и два месеца потоа, со јавно кажаните закани дека ќе биде присилно донесена на судење, доколку не се појави на закажаните рочишта, Кацарска сакала да ја оствари целта за донесување одлука за постоењето вина на ексминистерката.

„За дваесетина дена, Јанкулоска имала 15 судски рочишта кога таа е два месеца по породувањето и треба да се грижи за своето дете. Рочиштата траеја и по десет часа со по повеќе од девет сведоци на рочиште“, рече Илиевски и дополни дека потврда за тоа е документот дека Јанкулоска е дискриминирана, кој го издаде Комисијата за заштита од дискриминација предводена од Александар Даштевски.

Кацарска во Судскиот совет дојде со двајца адвокати: Вулнет Пачуку и Фани Михајловска.

Кацарска во нејзиниот говор рече дека нема дамка во нејзината 33-годишна кариера како судија.

„За 33 години и претходно 4 години како приправник и стручен соработник немам дамка ниту во кариерата, ниту во приватниот живот“.

„Причина за долгите рочишта е по вина на обвинетите. Од 10 до 15 часот се изнесуваа само приговори и барања за изземање од самите адвокати. Во 15 часот бранителите бараа да прекине расправата поради истек на работното време. Расправа не се одлага поради протек на работно време“, рече Кацарска и дополни дека судењата биле закажани на самиот почеток.

Ниту едно право на обвинетата не ѝ беше ускратено, рече судијката и појасни дека нема одредба во Законот за кривичната постапка која забранува да и’ се суди на мајка, или родител, но Јанкулоска добила 60 дена период по породувањето да нема расправа и еден и пол час пауза за мајчинските обврски.

„Среќна сум што ништо не и’ се случи на долгите рочишта, иако таа не го извести судот за нејзината бременост. Како жена и мајка драго ми е што без последици роди здраво и живо дете“, рече Кацарска при тричлената комисија во Судскиот совет.

Во однос на прашањето дека на Јанкулоска и’ било ускратено правото на одбрана, бидејќи имала и други судења, Кацарска рече дека таа не е виновна за тоа.

„Не гледам вина кај мене што Јанкулоска е обвинета во други предмети“, кажа судијката.

„Изгледа затоа што Јанкулоска е припадник на ВМРО-ДПМНЕ, ме третираат како припадник на другата опција. За Јануловска јас сум комуњарка, а забораваат и не сакаат да видат дека има и професионалци, а не само политички послушници. Јас сум професионалец и во судница сите странки се подеднакви“, рече судијката за наодите дека политички ја дискриминирала Јанкулоска.

Кацарска рече дека на седницата била ставена во неееднаква позиција со адвокатот на Јанкулоска, бидејќи тој говорел надвор од писменото барање, а таа немала време тоа да го разгледа и да одговори.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет