EROS RAMAZZOTTI РУШИ РЕКОРДИ НА СВЕТСКАТА ТУРНЕЈА „VITA CE N’È“!

Објавено на 22.09.2019 во 09:43:36 часот | Македонија

Најголемата италијанска поп ѕвезда со светска репутација, Eros Ramazzotti, кој во моментов го одржува третиот дел од светската турнеја Vita ce n’è, насловена по последниот студиски албум, за помалку од две недели пристигнува да го освои и Скопје, на спектакуларен концерт кој ќе се одржи во А1 Арената!

Интересен податок е дека екипата на Eros Ramazzotti во Скопје пристигнува два дена порано, со 10 tour автобуси и 10 шлепери. Доаѓаат со најнова и најсовремена продукција. Околу 150 работници ќе работат на монтирање на бината, светлата, звукот и лед екраните, за спектаклот кој ќе се одржи на 30-ти септември.

Имено, оваа турнеја која од самиот нејзин почеток (во февруари годинава) буквално руши рекорди во светски рамки и истата опфаќа преку 90 концерти во над 30 земји, меѓу кои и Македонија.

Влезниците за концертот на Eros Ramazzotti се достапни во Avalon ticket shop во ГТЦ, Skopje City Mall, цвеќарница „Розе“- Веро 2, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

Авалон Продукција

 

 

loading...

 

Македонија

Свет