ПЛАЧАМ ТАЈНО БИДЕЈЌИ НЕМАМ ДЕЦА, МИ ФАЛИ БРАКОТ ДА БИДАМ СО НЕКОГО - ЏАМБАЗОВ ИСКРЕНО ДО БОЛКА ОТКРИВА СЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ

Објавено на 20.09.2019 во 12:18:27 часот | Македонија

Игор Џамбазов македонскиот глумец, шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец реши да си ја отвори душата во естрадниот магазин Бекстејџ.

 
Игор Џамбазов е роден на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.

Тој во своето дело Гол човек буквално се соголе пред јавноста и во неа раскажа се за својот живот. Тој во неа пишува за неговиот контраверзен живот, проблемите со коцкањето, заедничкиот живот и разводот со Искра. Во неговата животна приказна се среќаваат и ликови кои се јавни личности. Кога тие би биле напишани со нивните имиња и презимиња, Игор би се соочил со многу тужби, клевети и бурни реакции, па затоа за несреќа на нашата љубопитност најмногу што можеме да добиеме се нивните псевдоними и останува на Вас да погодувате за кој би можело да се работи.

Во Бекстејџ тој повторно реши да ја раскаже вистината пред јавноста и кажа колку му е тешко што нема деца, па поради тоа често пати плаче сам. Џамбазов раскажува како се чувствувал во моментот кога се откажувал од својот најголем порок алкохолот.

Откажување од алкохол не се разликува по ништо од она што го гледаме во филмовите кога луѓето се откажуваат од дрога. Станува збор  за вистински кризи, тресење на раце, на нозе на вилица, такихардии, аритмии, ладна пот, депресии, не можеш да работиш, открива Џамбазов.

На прашањето дали се уште ја бара својата жена за добро утро Џамбазов вели дека повеќе не го прави тоа бидејќи ако требала да се појави, ќе се појавела до сега.

Тешко дека можам да издржам жена повеќе од неколку часа. не дека се жените многу проблематични, туку јас сум станал проблематичен. Жал ми е пто го изгубив тоа време со Искра, начинот на кој живеевме, луѓето околу нас, пријателите, таа некоја сигурност што ти ја дава семејството. Иако бракот полека изумира, ми фали таа сигурност што ти ја дава семејството, ми недостига заедничкиот живот, пиење кафе со некого, заспивање со некого. 

Џамбазов вели дека искрено жали што нема деца.

Тоа е можеби единствената работа за која жалам во животот. Пред некое време еден колега актер ми го остави синот на чување, мораше да замине па јас бев задолжен да го чувам на еден час. Малиот дојде кај мене ми направи хаос и во станот и во главата, татко му дојде по него. На крај го испратив малиот и му реков срце мое, чичко Игор нема деца и понекогаш си плаче сам, тајно заради тоа, ама кога ќе ми дојдеш ти на гости многу се радувам што немам деца.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет