(ВИДЕО) Фрчкоска: Дописите кои Јанева ги испраќаше од притвор беа напишани рачно и лично од неа, согласност со Законот за кривична постапка

Објавено на 17.09.2019 во 11:28:47 часот | Македонија

Опозицијата обвинуваше дека писмата на Катица Јанева испратени од притвор се пишувани на компјутер, но во денешното интервју за ТВ21, нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вели дека тие се пишувани лично од Јанева рачно.

-Дописите кои Јанева ги испраќаше од притворот, беа напишани лично од неа, на рака. Процедурата за доставување на таа писмена коресподенција беше во согласност со Законот за кривична постапка член. 178 и тоа беше направено со знаење на органот кој ја спроведува истргата преку службите на затворот и преку судот и судијата на претходната постапка. Затоа сметам дека сите информации дека писмото е напишано на компјутер не се вистинити, односно се шпекулации – кажа адвокатката Ирена Фрчкоска за ТВ 21.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет