БОМБА ОД БИХАЧКА: Раст на извозот од 14.5 отсто во првите седум месеци, градиме силна и конкурентна економија

Објавено на 13.09.2019 во 13:23:59 часот | Македонија

cid:790a4abb-185c-49cf-9034-ec32b98f731e

 Соопштение за јавност

Раст на извозот од 14.5 отсто во првите седум месеци, градиме силна и конкурентна економија

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални и видливи резултати.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, растот на извозот во првите седум месеци од годинава бележи раст од 14,5 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Тоа значи дека довербата во економијата е вратена, а конкурентноста зголемена.

Покрај растот на извозот, во изминатиот период забележан е раст на Бруто домашниот производ од 3,1, а невработеноста е намалена на историски најниски 17,5 отсто.

Ова се само дел од економските параметри кои потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линнија.

По години назадување и економска неизвесност денес економијата е развојна и се движи во добар правец.

Остануваме посветени на мерките што поттикнуваат економски раст и развој. Градиме силна економија што отвора па да за сите.

 

Скопје, 13 септември 2019

 

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

 

 

loading...

 

Македонија

Свет