БИХАЧКА РАСПАЛИ: Дали Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ објавува документи за да ја поткопа истрагата за случајот Рекет?!

Објавено на 12.09.2019 во 20:07:55 часот | Македонија

-

Соопштение за јавноста 

Дали Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ објавува документи за да ја поткопа истрагата за случајот Рекет?

 

Одамна е јасно дека сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се ставени во одбрана на криминалите на режимот.

Но, Христијан Мицкоски вчера отиде чекор подалеку.

Со својата изјава во која рече дека “можеби имаат материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции", случајно или не, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали за нелегално следење на комуникациите.

Сега станува јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата.

 

Со почит,

Скопје, 12 септември 2019 

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

 

 

loading...

 

Македонија

Свет