ЕНИГМА: ЗОШТО ДРЖАВАТА СЕУШТЕ ИМ ДОЗВОЛУВА НА ЅИНГО И СТОЈМЕНОВ ДА ПОСЕДУВААТ НАЦИОНАЛНА ТВ ЛИЦЕНЦА, КОГА РЕЧИСИ 10 ГОДИНИ ГО КРШЕА ЗАКОНОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА СПОРЕД КОЈ ЈА ИМААТ ДОБИЕНО ЛИЦЕНЦАТА?!?!

Објавено на 06.09.2019 во 14:33:01 часот | Македонија

Кога некој поседува лиценца за болница, и почне да ги труе своите пациенти за да заработи од нивно лечење и тоа го видиме сите пред нашите очи со докази и аудио снимки, дали тој човек и понатаму ќе има лиценца за болница?!

Ако некој производител на храна намерно става отрови во храната со кои го труе народот со цел некако да заработи, и тоа го видиме со наши очи и го чуеме со наши уши, тогаш дали тој човек и понатаму ќе има дозвола за производство на храна?!

Ако Ѕинго и Стојменов имаат лиценца за национална телевизија терестријална, што е голема одговорност, и тие 10 години упорно и пред нашите очи и уши го кршат законот за радиодифузија, поглднете подолу у симите, наведени се дел од членовите од законот за радиодифиузија кои беа кршени цели 10 години за Ѕинго и Стојменов да заработат дебели пари од владините кампањи, тогаш зошто Ѕинго и Стојменов сеуште имаат лиценца за национална телевизија?!?!

Зошто државата не им ја одземе со образложение дека кршеле делови од законот со што ја изневериле довербата и одговорноста која ја имале со такви тв лиценци?!?!

Имаме и аудио снимки каде примале нарачки газдите од главните луѓе во власта?!?! ШТО ТРЕБА ПОВЕЌЕ?!?! ШТО СЕ ЧЕКА?!

НЕЛИ ЗАЕВ ВЕТИ ДЕКА НЕМА НИКОГАШ ПОВТОРНО ДА СЕ ПОВТОРИ ГРУЕВИЗМОТ?! ЕПА ЗОШТО СЕ ОСТАВААТ ПРОПАГАНДНИТЕ МАШИНИ ДА ЧЕКААТ НОВ НАРАЧАТЕЛ?!?! ТРЕБА ЛИ ПАК 10 ГОДИНИ ДА СЕ БОРИМЕ СО ОВИЕ ТЕЛЕВИЗИИ ПАК ПЛАТЕНИ ОД БУЏЕТОТ ДА НЕ ЛАЖАТ И МАНИПУЛИРААТ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ И ЕДНОСТРАНА ПРОГРАМА И ЕМИСИИ СО 3 ЧАСОВНИ ИНТЕРВЈУА СО МИЦКОВСКИ?!?!

Член 4
Со вршењето на радиодифузната дејност со обезбедува слобода на јавното изразување на мислата, слобода на говорот, јавниот настап и јавното информирање.

Со вршењето на радиодифузната дејност се обезбедува согласно со овој и друг закон слободен пристап кон информациите, слободата и примање и пренесување на информации, правото на одговор и правото на исправка преку радиодифузната станица, како и заштита на изворот на информацијата. 

Член 8
Радиодифузната дејност се засновува врз следните начела:
-вистинито и навремено информирање;
-отвореност за слободна конкуренција и информирање за различни политички идеи, културни и други тенденции и мислења;
-зачувување и негување на националниот идентитет, јазичната култура и домашното творештво;
-промовирање на толеранцијата и почитување и негување на културната различност;
-самостојност и автономност на радиодифузните организации без право на државните органи да влијаат врз концепцијата и содржината на програмите; -оневозможување на монопол во влијанието на поединци и групи во радиодифузните организации;
-соодветен и непристрасен третман на политичките субјекти во програмите на радиодифузните организации, кои нема еднострано да им служат на ниту една политичка партија, група или стекнати права на поединци, особено во предизборните кампањи;
-почитување на пазарните законитости во остварувањето на радиодифузната дејност;
-забрана на цензура во вршењето на радиодифузната дејност;
-забрана на користење на радиодифузните програми за повикување кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, како и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост;
-заштита на децата и младинците од насилство, избегнување на прикажување на насилство и порнографија во термините во кои одредени содржини можат да се прикажуваат со оглед на составот на гледалиштето;
-заштита на приватноста и достоинството на личноста;
-еднаквост и рамноправност на радиодифузните организации во пристапот при користењето на основната радиодифузна мрежа за пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми.

Член 31
Радиодифузните организации, дејноста ја вршат врз основа на програма.

Програмата од став 1 на овој член содржи информативни, научно-образовни, културни, спортски, стопански и други содржини од интерес за животот и работата на граѓаните и преку нив се обезбедува особено:
-почитување на слободата и правата на човекот и граѓанинот, неговото достоинство и углед;
-слободно афирмирање на мислењата и уверувањата, сестрано и објективно информирање на слушателите и гледачите, како и збогатување на нивната општа наобразба и забава;
-негување и афирмирање на македонската културна традиција и на националностите кои живеат во Република Македонија, како и учество во културниот живот;
-поттикнување на духот на толеранцијата, заемното почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло;
-поттикнување на меѓународното разбирање и соработка, чувство на јавноста за правичност, одбрана на демократските слободи и објавување на вистината;
-еднаквост на слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјално потекло, политичкото и верското уверување и имотната и општествената положба на човекот и граѓанинот и заштита на детето и мајчинството и
-заштита и унапредување на животната средина и природата.

Телевизиските програми можат да содржат и телетекст услуги.

Член 32
Вкупната понуда на програмата не смее да служи еднострано за одредена политичка партија и на одредени интереси.

Член 33
Програмата на радиодифузната организација треба да ги исполнува следниве услови:
-вистинито прикажување на настаните со еднаков третман на различните пристапи и мислења;
-вистинито, непристрасно и професионално пренесување на вестите и настаните;
-поттикнување на слободно оформување на мислењето за одделни настани и прашања и
-мислењата и коментарите лесно да бидат препознатливи како мислење и коментар, со јасно укажување чии се тие коментари и мислења.

Член 34
Државните органи и органите на локалната самоуправа, како и нивните претставници не смеат да влијаат врз создавањето на програмите на радиото и телевизијата, ниту на нивната работа.

Член 35
Во програмата на радиодифузните организации не се дозволени емисии кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката или кон поттикнување или повикување на воена агресија или на разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост.

Во програмта не смее да се прикажуваат непристојни содржини, особено со порнографија и насилство.

Во програмата не можат да се емитуваат емисии кои можат штетно да влијаат на телесниот, духовниот или моралниот развој на децата и младинците.

Филмовите и другите емисии што можат штетно да влијаат врз психофизичкиот развој на децата и младинците, можат да се прикажуваат само меѓу 24,00 и 06 часот. 

Член 44
За време на предизборната кампања, радиодифузните организации се должни во своите програми да им овозможат на политичките партии можност за промовирање на нивните политички програми под еднакви услови, во согласност со изборните прописи.

Член 49
Рекламите треба да бидат вистинити и чесни, не треба да ја заведуваат јавноста и не треба да бидат против интересите на купувачите, односно корисниците на услугите. 

Член 54
Преку рекламите не смее да се влијае на содржината на програмата на начин со кој ќе се намали самостојноста на радиодифузната организација и нејзината одговорност во врска со емисијата.

Телевизиските реклами не смеат да бидат емитувани меѓу емисиите во програмите на начин кој ќе го наруши интегритетот и вредноста на програмата, како и правата на авторите на таа програма.

Член 59
Спонзорот не може да влијае на содржината и редоследот на спонзорираната програма на начин со кој се нарушува одговорноста и независноста на уредувачката политика на емитувачот во поглед на програмските содржини.

Член 62
Физичко или правно лице кое е засегнато со фактичка состојба или приказ во програма на радио или телевизија има право на одговор.

Одговорот мора да биде краток и ограничен само на факти, поднесен во рок од 30 дена од денот на емитувањето, презентиран во пишана форма и потпишан од засегнатото лице или од негов правен застапник.

Радиодифузната организација мора да го емитува одговорот в најкус можен рок, односно во следното издание од истата програма, без паричен надоместок, а со цел јавноста да биде запозната со оспорената фактичка изјава.

Не е дозволено истовремено да се објавува коментар на одговорот по објавената информација. 

Член 63

Секој има право да бара од радиодифузната организација да објави исправка на информација со која се повредува достоинството и угледот, како и правата и интересите на граѓанинот, органот, односно организацијата.

Подносителот на исправката е должен да го назначи податокот, односно информацијата на која се однесува исправката, како и времето на емитувањето на програмата.

Исправката треба да се заснова исклучиво на податоците со кои се побиваат наводите изнесени во објавениот податок, односно информацијата.
Радиодифузната организација, исправката ја објавува без надоместок.

Не е дозволено истовремено да се објавува коментар на исправката по објавената информација.

Член 83
За спроведувањето на одредбите на овој закон во однос на создавањето и емитувањето на радиодифузните програми, како и за следење на остварувањето на договорите за концесија, се грижи Советот.

Член 84
Надлежните инспекторати во соодветните министерства, во рамките на својата надлежност на начин и по постапка пропишана со закон, непосредно и на предлог на Советот преземаат мерки кон оние радиодифузни организации што вршат дејност спротивно на овој закон.

Против решенијата од став 1 на овој член може да се поднесе жалба до соодветните комисии на Владата на Република Македонија за одлучување во управна постапка во втор степен.

Жалбата не го одлага извршувањето на решението од став 2 на овој член. 

Член 85
Со парична казна од 100.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок радиодифузна организација или друго правно лице, ако:

1) врши радиодифузна дејност без регистрација пред надлежниот регистарски суд (член 12);
2) врши радиодифузна дејност без добиена концесија и спротивно на условите утврдени со член 13 на овој закон;
3) врши радиодифузна дејност надвор од подрачјето за кое е добиена концесијата (член 17);
4) добиената концесија ја пренесува на трето лице (член 21);
5) врши дејност без програма или емитува и дистрибуира радиодифузна програма спротивно на утврдените услови по одредбите на членовите 31,32, 33, 35 и 47; 

6) на барање на надлежниот орган одбие да емитува известувања, соопштенија и предупредувања во врска со настани поврзани со елементарни непогоди или епидемии (член 36);
7) емитува или реемитува програми на други радиодифузни организации спротивно на утврдените услови (член 42 став 1 и член 43);
8) при емитување на радиодифузна програма не се придржува за пропишаните услови за употреба на јазиците (членови 45 и 46) и
9) пренесува програми спротивно на добиената концесија за кабловска радио-телевизиска мрежа или се појавува како концесионер на радио или телевизија, односно акционер на радиодифузна организација (член 65 ставови 3 и 4).

Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице во радиодифузната организација или друго правно лице.

За сторениот прекршок од став 1 точки 4, 5 и 9 на овој член, може да се изрече и заштитната мерка забрана за вршење радиодифузна дејност во траење од шест месеци до една година.

За сторениот прекршок од став 1 точки 1, 2 и 3 на овој член, може да се изрече и мерката одземање на радиодифузните средства.

Член 86
Со парична казна од 30.000 до 100.000 денари ќе се казни за прекршок радиодифузна организација или друго правно лице, ако:
1) не отпочне со вршење на концесиската дејност во рокот определен со договорот, односно понуди неточни податоци врз основа на кои се здобил со концесијата (член 19);
2) емитува програма спротивно на определеното време (членови 37 и 41);
3) при емитувањето на програмите не ги објавува определените податоци (член 39);
4) не води дневник на емисиите и не ги чува снимките до определениот рок (член 40);
5) не обезбеди еднакви услови за промовирање на политичките програми во време на предизборна кампања (член 44);
6) емитува рекламни пораки или програми под спонзорство (покровителство) спротивно на утврдените услови од членовите 48 до 61;
7) одбие да емитува одговор на објавената информација (член 62 став 3);
8) одбие да објави исправка на информација (член 63 став 1);
9) емитува извадоци од програми на други радиодифузни организации спротивно на условите од член 64 став 2;
10) сопственикот на кабловската радиотелевизиска мрежа дистрибуира сопствена програма или сопствени реклами (член 65 став 2);
11) не дозволи приклучување на кабловската радиотелевизиска мрежа иако постојат технички можности за тоа (член 67) и
12) не постапи по задолженијата од решенијата на членовите 82 и 83 на овој закон.

Со парична казна од 5.000 до 30.000 денари ќе се казни за сторен прекршок и одговорното лице во радиодифузната организација или друго правно лице.
За сторен прекршок од став 1 точки 1, 5, 7 и 9 на овој член, се изрекува и заштитна мерка забрана за вршење на радиодифузна дејност во траење од три месеци до една година. 

 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет