Мила Царовска распали по Наум Стоилковски за навредата кон Нина Ангеловска

Објавено на 04.09.2019 во 21:44:32 часот | Македонија

Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, реагираше жестоко против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, по неговиот објавен статус во кој новата министерка за финансии ја нарече „Нина Групировка“.и „Џирло девојка“.

„Ние жените ќе бидеме се погласни и се поприсутни на јавни клучни позиции каде што се носат одлуки за иднината на државата независно од обидите на шовинистите да го спречат тоа. Заедно ќе се бориме против сексизмот и шовинизмот во нашата држава.

Стоилковски е недостоен да биде на било каква функција, а уште помалку да има пристап до медиумите преку кои шири омраза и навреди.
Срамно и недолично е однесувањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ова е под секое ниво на политичка култура, под секое ниво на култура воопшто. Никогаш нема да одиме напред ако не го казнуваме и искорениме јавното линчување и етикетирање на жените.
Жени продолжуваме уште посилно да се бориме против силите што го влечат назад нашето општество!“, повика Царовска.

Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ  по вчерашната пресконференција на новата министерка за финансии,Нина Ангеловска и премиерот Зоран Заев за ребалансот на буџетот напиша статус со кој предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.

. „Излезе Заев со Нина Групировка за да си го претстави за Ребалансот. Таа тргна барем да одговори прашање; тој го презеде микрофонот! Сега е јасно дека со финансии министерува Заев, а Нина е Џирло Девојка – презентерка за владините Светлечки Јојоа и Стомак елиминатори. Ова е комплетно киднапирање на институции!“, напиша Стоилковски.

Нина Ангеловска е актуелна во јавноста како нова министерка за финансии која има 31 година и е првата жена која ќе раководи со овој ресор, а позната е по основањето на аутсорсингот за попусти „Групер“.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет