Форум на жени на ДОМ: Најостра осуда за сексистичкиот фејсбук статус на Стоилковски!

Објавено на 04.09.2019 во 11:30:54 часот | Македонија

Форумот на жени на ДОМ најостро го осудува сексизмот, потценувањето и дискриминацијата на жените врз основ на род, во фејсбук статусот на опозицискиот портпарол, Стоилковски. Ваквиот говор на омраза е недозволив за било кој граѓанин, а особено за портпарол чија функција е да ги презентира ставовите на партијата. Конотацијата на текстот е навредлива не само лично за Министерката за финансии, туку за жените генерално.

Ваквите сексистички содржини ги обесхрабруваат жените во нашето доминантно патријархално и конзервативно општество активно да се вклучат во политичкиот, економскиот и јавниот живот. На тој начин се оневозможува развојот на општеството во целост.

Овие ретроградни стереотипни ставови за улогата на жените во општеството се потврда за потребата од унапредување на правата на жените како човекови права. За Форумот на жени на ДОМ тие се дополнителен мотив за уште поинтензивно делување со цел реализирање на политиките за економско јакнење и зголемено учество на жените во политиката.

Со почит,

Сектор за односи со јавност

 

 

loading...

 

Македонија

Свет