БОМБА НА ЦИЛЕ: Боки 13 имаше реален проект, не ме рекетираше!!!

Објавено на 03.09.2019 во 22:53:02 часот | Македонија

Бизнисменот тврди дека сметката на која се платени 720.000 евра е Македонската авторска агенција која пак и ги исплатила парите на пензионерката Тодоровска за идејниот проект.

19 304/17 Под овој број е заведена фактурата со која сопственикoот на „Пелистер“ Силјан Мицевски уплатил 720.000 евра за идејниот проект на пензионерката Лилјана Тодоровска, а требало да го реализира Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Ова за Телма во телефонски разговор го сведочи Мицевски, кој вели дека пред себе ја има фактурата со која ги исплатил парите. Сметката на која се платени е Македонската авторска агенција која пак и ги исплатила парите на пензионерката Тодоровска за идејниот проект. Тој знаел дека Тодоровска во количка отишла да ги подигне парите бидејќи имала незгода, дел околу 10 илјади евра и задржала банката за неплатен кредит, а остатокот и ги земале луѓето од мѓународниот сојуз.

– Никој не ме рекетирал. Можат што сакаат да зборуваат за Бојан Јовановски но тој кај мене дојде со реален проект и со ништо ме нема уценувано. Договорот е јасен, потпишан од неколкумина членови на невладината на Боки, Меѓународен сојуз и сега поради тоа што не се исполнети условите од страна на сојузот јас поднесов тужба – вели Мицевски.

Пред да даде исказ во врска со случајот „Рекет“ кај шефицата на организиран  криминал Вилма Русковска, бизнисменот Силјан Мицевски вчера изјави дека 720.000 евра за старечки домови кои никогаш не беа изградени, не ги уплатил на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска, туку на сметката на Меѓународниот сојуз.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет