Шекеринска ја извади од памет МАФИЈАТА: Имаме поддршка од САД, предметите на СЈО ќе имаат пресуди!

Објавено на 03.09.2019 во 19:56:59 часот | Македонија

Честитки до Метју Палмер за новата должност – специјален претставник на САД за Западен Балкан, напиша на својот профил на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска, објавувајќи заедничка фотографија со Палмер и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Стратешкиот форум во Блед.

„Ја имаме поддршката од САД да го продолжиме патот што го отворивме за своите граѓани – членство во НАТО и ЕУ. Се согласивме дека на тој пат нема место за калкулации со одговорноста. Предметите на СЈО ќе имаат пресуди, секој што се огрешил пред Законот ќе одговара, без исклучок“, напиша Шекеринска.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет