БОМБА НА БУЈАР ОСМАНИ: НЕПРИФАТЛИВО И ЗА ОСУДА Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА НАШИОТ СОВЕТНИК НЕФИ ХУСЕИНИ!

Објавено на 01.09.2019 во 13:44:57 часот | Македонија

 

Советникот од ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, изгради дивоградба во Охрид, па физички нападна универзитетски професор. Дали за вас како партија е прифатливо ваквото однесување на еден ваш член?

Не, апсолутно е неприфатливо и затоа институциите треба да ги преземаат сите мерки. Тоа што ние тогаш го коментиравме и што сметаме дека би било правилниот пристап е да има неселективен пристап кон случаите од слично значење. На пример, ако во Охрид има над 1400 дивоградби, правење на кампања која ќе се фокусира на еден човек, обидувајќи се неговите приватни бизниси да се поврзуваат со неговата политичка афилијација, вклучувањето на ДУИ во контекст на сето ова ми изгледа нечесно. Сметам дека треба неселективен пристап кон ова прашање коешто е апсолутно штетно и го ризикува статусот на Охрид, меѓутоа не треба никаков друг партиски, политички или етнички наратив да се додаде на ваквите дејствија за од тоа да се направи политичка приказна. Тоа е тоа што пречи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет