ДЕМАНТ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ДО ИНФОМАКС: Не се работи за никаква одмазда, го реновиравме главниот булевар во Делчево па стариот асфалт сакаме да го носиме во селата и привремено го истоваривме на државна парцела која е блиску до фирма блиска со ВМРО ДПМНЕ па сега сакаат да направат лажен скандал!

Објавено на 01.09.2019 во 13:18:16 часот | Македонија

Порталот Инфомакс крена голема паника дека градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски се одмаздувал на фирми и се однесувал како локален шериф.

Сторијата на Инфомакс, на следниот линк. Мактел стапи во контакт со градоначалникот на Делчево, и еве го краткото интервју.

Мактел: Градоначалниче, за што станува збор овде?

Трајковски: Го реновиравме главниот булевар во Делчево, проект со се други улици вреден 2 милиона евра и тоа не им се допаѓа на ВМРО ДПМНЕ во Делчево па се обидуваат да прават лажин скандали. Стариот асфалт сакаме да го носиме во селата за тоа имам дозвола од јавното претпријатие за државни патишта и требаше привремено да го ставиме некаде тој стар асфалт и најдовме државна парцела во индустриската зона во Делчево но ете се погоди во комшии да се наоѓа фирма блиска до ВМРО ДПМНЕ и таа сега тврди дека сме ја оштетиле, но тие имаат службен влез на другата страна од парцелата и се работи само за 2 дена, јас во понеделник ќе најдам камиони и ќе го пренесам тој стар асфалт во селата за да обновиме селски патишта и нема да има никакви проблеми, се работи за инат и за политичка мотивација да се наштети, ништо повеќе...

Мактел: Значи одговорно тврдите дека не се работи за никаква одмазда кон таа фирма?

Трајковски: Нема никаква одмазда, се работи за државна парцела, асфалтот ќе стои само два дена, тие имаат влез од друга страна на парцелата, немав каде да го однесам на друго место, мораше така да испадне, се работи за многу незначајна работа, некој сака од ова да направи голема приказна.

Мактел: Точно ли е дека оваа фирма ве пријавувала и водела постапки против вас?

Трајковски: Да, и сите ги изгубија затоа што се работеше за лажни пријави, но мене тоа не ми смета, кој сака нека пријавува, тоа е право на секого, не им се лутам. Мое е да работам за добро на народот во Делчево, и сите се задоволни, само на ВМРО не им одговара тоа што го работам и ставаат сопки, сите други се среќни, и фирми и граѓани и селани...

 

 

loading...

 

Македонија

Свет