ШОКАНТНО: ВО СКОПСКИ РЕСТОРАН НЕ ЈА ПОЗНАЛЕ ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП, ПА ОДБИЛЕ ДА И ДАДАТ ФИСКАЛНА, КОГА ПОБАРАЛА ПОЧНАЛЕ ДА ЈА ВРЕЃААТ!

Објавено на 01.09.2019 во 12:16:16 часот | Македонија

Дуректорката на УЈП, Сања Лукаревска, во интервју за Слободен Печат вели дека келнерка на услужен објект одбила да и издаде фискална сметка, а тоа го направиладури откако првиот човек во управата за собирање даноци инсистирала на тоа. Ова првиот човек на Управата за јавни приходи го потврдува одговарајќи на прашањето дали имала лично такво искуство да не и се даде сметка кога требало да ја плати услугата.

– Да, имам искуство со тоа. Во еден угостителски објект кога побарав сметка да платам, доаѓа личноста што не служеше и ми вели 480 денари. Потенцирав дека сакам да ми биде донесена сметката, дури одговорот на вработената беше „Ту ту да не ме тепаш!“. И одговорив дека не станува збор за тоа, туку Законот важи така, дека треба да се донесе фискална сметка. На тоа вработената ми одговори – „Де де ете ќе ја искуцам и ќе ти ја донесам“. Малку ме изиритира таа реакција и повторно реагирав и на крајот ја добив фискалната сметка, вели Лукаревска во својот одговор.

Таа додава дека во неодамнешната акција на УЈП на фамозната Пластичарска улица, каде што јавна тајна е дека во дел функционира како „слободна зона“ кога станува збор за плаќањето даноци, објектите заклучувале кога виделе дека инспекторите упаѓаат во другите продавници.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет