ПОЛИТИЧКИ ПОТЕГ НА ГОДИНАТА: Се откажува питијадата во Велес, парите ќе се пренаменат за пошумување и за пожарникарите!

Објавено на 31.08.2019 во 18:00:02 часот | Македонија

По катастрофалниот пожар што ја зафати околината на Велес и на езерото Младост, градоначалникот Аце Коцевски одлучи средствата од традиционалната Питијада да ги пренамени за пошумување и набавка на нова опрема за пожарникарите. Најави дека е време за промена на приоритетите, што вчера при посетата на Велес го побара премиерот Заев.

„Одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи Фестивалот на велешки пити и вино. Место тоа, средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница, како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме, пред сѐ, кон санирање на последиците од пожарот, пошумување на оголените површини и кон обезбедување на професионална лична заштитна опрема за пожарникарите“, рече Коцевски, на прес-конференција.

Тој очекува одлуката да ја поддржат членовите на Советот на Општината, како и мнозинството граѓани. Поради тоа што веќе биле најавени гости за Питијадата, тогаш ќе се организирала поевтина, алтернативна манифестација. Коцевски најави дека пошумувањето би можело да се спроведе околу 9 ноември, кога е Денот на Општината.

Во општинскиот буџет оваа година биле предвидени 500.000 денари за одржување на Питијадата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет