ПАНИКА ВО МВР - БРАВАРИТЕ БЕЗ ОСМО ШТО ГЛУМАТ НАЧАЛНИЦИ ЌЕ ЛЕТААТ: „Ветинг-процес“: Во МВР ќе се проверуваат сите вработени!

Објавено на 30.08.2019 во 22:02:00 часот | Македонија

Работната група на МВР започна со активности за спроведување на процес на ветинг во ова министерство. За сите вработени во МВР, ќе се бара извештај од неколку институции и тоа од Антикорупциска и од Обвинителството, Финансиската полиција, УЈП, Катастар.

Ветингот или внатрешното чистење, се очекува да ги опфати сите во МВР, вклучително и самиот министер Оливер Спасовски.

Во процесот на ветинг не треба да се вклучуваат само униформираните полицајци, туку и вработените во сите други државни органи кои можат да злоупотребат јавни пари и службената должност, смета Деканот на Факултетот за безбедност, кој е вклучен во оваа група како надворешен експерт, Никола Дујовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет