КАТЕ БЛАЖЕВСКА: Ако сака да се врати на власт, на ВМРО ДПМНЕ му треба критики што почиваат на аргументација, а не на подметнувања и лажни вести

Објавено на 30.08.2019 во 21:27:13 часот | Македонија

Нема изјава во која опозициската ВМРО-ДПМНЕ не бара предвремени парламентарни избори. И нема ништо поприродно за секоја опозиција да бара шанса да ја освои довербата што некогаш ја изгубила, за повторно да се врати на власт. Но, аргументацијата врз која инсистира на избори е прилично селективна и дементна.

Нема да потсетувам на учинокот на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е познато – и за добрите, и за лошите страни на тоа владеење. Но, сега други се на власт и под опсервација

е нивното поведение, се разбира, со критики што треба да почиваат на аргументација, а не на подметнувања и лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ денес има друг партиски претседател и други лица во партиските органи, но не и аргументи дека тоа е доволно за изборна офанзива. Таму не се смени ништо драматично во создавањето дисконтинуитет со претходното длабоко искомпромитирано раководство, за да може со таква леснотија да продава некаква обновена „чест“.

Се случија само неколку козметички измени што требаше да остават поубедлив впечаток, како на пример, изнајмувањето канцеларија од страна на почесниот претседател Никола Груевски во „Палома бјанка“, на педесетина метри од Белата палата.

Колумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

 

 

loading...

 

Македонија

Свет