СДСМ: Мицкоски е ист како Груeвски, одобрува хајки против невладини огранизации, ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на 24.08.2019 во 11:53:57 часот | Македонија

 

Соопштение за јавност - реакција на соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

 

Мицкоски е ист како Груeвски, одобрува хајки против невладини огранизации, ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ
 
Очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминира со панични соопштенија по нотите на Груевски.
 
Мицкоски е ист како Груевски, ја одобрува и продолжува хајката кон невладините организации, што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше додека беше на власт. Буквално ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.
 
Заврши времето кога институциите на државата беа алатки за уцени, рекет и закани во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува со вакви панични соопштенија. 
 
За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата и одговорноста се непознати поими.
 
Денес институциите постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против криминалот.
 
Секој кој што го прекршил законот, без разлика на политичка или било каква припадност ќе сноси одговорност.
 
Обидите да се прикрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и заштитат тајкуните нема да успеат.
 
Република Северна Македонија е правна држава во која секој е еднаков пред законот, без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

  

Со почит,

 

Скопје, 24 август 2019

 

 

loading...

 

Македонија

Свет