ЕНИГМА - ШТО СЕ СЛУЧИ СО КАТИЦА: МОЖНО ЛИ Е ТАА ДА СЕ ИНФИЦИРА СО КРИМИНАЛ СЛУШАЈЌИ ГИ БОМБИТЕ СО ГОДИНИ?!?!

Објавено на 24.08.2019 во 11:21:38 часот | Македонија

Тешко е да се разбере што се случи со Катица Јанева?! Како тоа таа успеа да ја промаши својата зададена мисија и од шефица на телото кое требаше да се бори безмилосно против мафијата дозволила да стане дел од таа мафија и тоа за еден кревет и неколку бунди и цвикери?!?!

Дали нејзината огромна моќ и натежна до таа мера да ја скрши?!

Дали и се случи нејзе тоа што му се случи и на Љубчо Георгиевски и на Никола Груевски, едноставно преголемата моќ и можноста лесно со еден потег да се заработат милиони евра натежнаа пред честа  моралот етиката?!?!

Дали тоа што таа со години ги слушаше бомбите на Заев кај неа предизвикаа морално психичко бунило?

Со месеци и месеци да слушаш како се краде, како со невидена леснотија се земаат милиони и потоа се ужива ов нив, дали тоа го скрши моралниот рбет на Катица?

Дали таа со месеци обидувајќи се да ја сфати таа масовна криминална пљачка си рекла па добро, можеби тоа е нормалното, може ја сум ненормалната што живеам скромно а сите овие живеат како богови?!?!

Тоа нешто сигурно ја мачела психата и на претходните голтари кои преку ноќ станаа мулти милионери како Љубчо и Грујо?!

Можеби тука е предноста на Заев пред другите, тоа што тој доаѓа на моќната премиерска функција веќе како милионер, знае како е да се вози во луксузен мерцедес, знае како е да се ужива во лукзуз, знае и дека откако ќе замине од политиката луксузот не му бега затоа што неговото семејство веќе се милионери станати на легален начин со бизнис со цигли со кои се прават куќи и згради ширум земјава со ајвар кој го извезуваат по цел свет со корнишони кои ги извезуваат по цел свет со разни хотели, менувачници, штедилници...

Тоа е она што го немаше Катица, дојде како обвинител од Гевгелија, безмалку гола и боса и одеднаш влегува во круг на милионери ги слуша на снимки како се луксузираат, прави рации во нивните домови, им запленува имот, им ги гледа сметките во банките, ги гледа тие цифри и нули на кои им нема крајот и сигурно во неа се кршела и се мачела со дилемата - добро а што па јас се мачам и жртвувам, зошто јас на моите деца да не им оставам милиони исто како овие стотици луѓе против кои бијам битка сизифова?!

Дали таа се разочарала дека нема да ја победи мафијата откако видела колку многу луѓе ја штитат таа мафија?!

Дали таа станала меланхолкична па си рекла дај кога веќе е бал нека биде маскенбал?!

Тоа можеби ќе го дознаеме од нејзините мемораи ако реши да ги напише еден ден, или од нејзините сведочења во судница.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет