ГОРАН СДК: ЗГРОЗЕН СУМ ОД НИНА ГРУПЕР! Замислете го нејзиното скандалозно однесување. Додека нејзините врсници играле по комитски вечери, лепеле плакати и дежурале по штабови за да се огребат за државна служба, таа сработила успешна приватна компанија!

Објавено на 24.08.2019 во 11:03:52 часот | Македонија

За 30-годишната бизнисменка Нина Ангеловска, предложена од премиерот Зоран Заев за министерка за финансии, не знам ништо повеќе од тоа што е напишано во нејзината професионална биографија. Дали ќе биде добра или лоша министерка нека му ја мисли премиерот. Ама не можам да разберам од каде излезе сета таа омраза по социјалниве мрежи само затоа што е млада, успешна жена. Што им пречи? Дека е млада? Или дека е успешна? Или дека е жена?

За млади ама многу поискусни и пошколувани од Ангеловска можеме да збориме кога ќе се потсетиме на Бранко Црвенковски, кој беше обожуван како божество на 30 години. И на обожуваниот Љубчо Георгиевски, чие прво вработување му беше потпретседател на претседателот на државата на 25 години. Второ вработување му беше премиер на 32 години. Уште пообожуваниот Никола Груевски стана министер за финансии на 29 години.

Зошто Нина Ангеловска не може да е обожувана барем како Бранко, Љубчо и Груевски? Затоа што не била политичарка? Затоа што на 20 години направила фирма која, ете, станала успешна? Или затоа што е жена?

Замислете го нејзиното скандалозно однесување. Додека нејзините врсници играле по комитски вечери, лепеле плакати и дежурале по штабови за да се огребат за државна служба, таа сработила успешна приватна компанија.

Во Македонија успехот не се простува. 

Целата колумна на следниов линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет