Судиката Цаца Николовска се согласува со анализите на Мактел: Целта на Камчев била да го уништи СЈО

Објавено на 24.08.2019 во 00:08:35 часот | Македонија

СЈО не знае каде е Орце Камчев, но знае што прави нивниот осомничен во Империја, а сведок во случајот со рекетот. Се следат аукциите за продажба на негови фирми и гасна централа, повлекувањето од управниот одбор на Орка холдинг, фирма вплеткана во случајот со Империја.

Сите тие активности Камчев ги презема откако се обзнани дека тој е сведокот за рекетот и тој ги прибавил доказите со кешот. Но оттогаш Камчев како да исчезна од земја, се спомнуваше дека е во Хрватска или во Бугарија. Обвинителката за која осомничениот Камчев вика дека не се плаши не знае каде е иако ги следи неговите активности.

За правниците таа постапка на Камчев има една цел- уништување на СЈО и спасување на криминалците.

-Тоа е целта на овој човек, Орце, што го има целото ова направено. Тој сака да оневозможи СЈО да работи. Зошто ги дава парите? И зошто потоа оди да пријави? За да настане таков „лом“ за да оневозможи работа на СЈО. И одат на линија дека редовното обвинителство не може да ја преземе работата на специјалните обвинители. А зошто е формирано СЈО. Па да ги разреши тие криминални дејствија, вели зa Телмапоранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

Прочитај повеќе на Телма.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет