КОМИЧНА КОЛУМНА НА ГОРДАН ГЕОРГИЕВ: Ја напаѓа владата, а самиот признава дека во реалноста на терен владата е најдобра досега!

Објавено на 21.08.2019 во 12:04:55 часот | Македонија

Во комична  колумна на Дојче Веле, Гордан Георгиев паничи дека владата ќе паднела, а потоа самиот признава дека тоа ќе било голема штета затоа што владата многу добро работел на терен?!?!

Еве цитат:

А штета, навистина штета. Толку многу и’ се собра периодов на власта што не е фер да останеме слепи за добрите работи. А добрите работи доаѓаат од неочекувани места т.е. од места за кои граѓаните не се навикнати да ја фалат СДСМ, или нешто на што СДСМ традиционално паѓале. Во рубриката „Улици и патишта“ на пример, власта бележи видливи резултати. По најавите за метла, очигледно е раздвижувањето барем во некои општини и делумно на централно ниво. Во моментов во државата речиси насекаде се асфалтираат дотраените патишта и се градат нови. Скопје во август никогаш не било толку блокирано од багери, валјаци и финишери. Центар и Градскиот парк се почисти од лани, а тротоарите во Д. Маало повторно се проодни со ефикасното отстранување на терасите на кафулињата.

Конечно, да не заборавиме. Оваа влада на Заев ќе ја внесе Северна Македонија во НАТО и ова е владата во која ниеден министер (од македонскиот блок) се’ уште не го тресе ниедна голема афера или корупциски скандал, особено ако како реперна точка го земеме владеењето на нивните неславни претходници.

Дали локалните проблесоци ќе бидат доволни да ја спасат Владата на Заев? Не знам, но знам дека на граѓаните им се важни овие размрдувања. Убаво е чувството кога СДСМ остварува таму кадешто традиционално никој не се надевал дека ќе може да му парира на политичкиот противник.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет