БРАВО: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА СО ПОМОШ НА ДОНАТОРИ РЕНОВИРАШЕ ТРОШНА КУЌА НА СИРОМАШНА ЖИТЕЛКА НА ОПШТИНАТА!

Објавено на 19.08.2019 во 20:17:27 часот | Македонија

Борис Георгиевски

Среќна, радосна и со топла насмевка не дочека денеска Борјанка Пешевска во нејзиниот целосно реновиран дом во населеното место Гоце Делчев. Благодарна што општина Гази Баба, со компаниите и нејзините соседи несебично помогнаа за новиот лик на нејзината куќа, ни рече дека никогаш не претпоставувала дека некогаш ќе има дом каков што има сега.

Заеднички и ги исполнивме сите барања на Борјанка. Поставивме вода до нејзината куќа, целосно ги реновиравме сите простории, ги бојадисавме ѕидовите и прозорците, поставивме ламинат на подот и изградивме тоалет за да не мора да оди во полско ве – це, кое е оддалечено од нејзината куќа.

Немаше да успееме ниту без медиумот кој објави за овој случај, за ние да реагираме на време.

Чест ми е што решивме уште еден случај, кој има среќен крај, што ја гледам среќна Борјанка која повеќе никогаш нема да биде заборавена ниту да биде сама, затоа што јас и општина Гази Баба секогаш сме тука за неа, но и за сите граѓани на кои сме потребни за да им помогнеме колку можеме за да имаат нормални услови за живот

Сакам да порачам дека институциите и државата мора да водат сметка за лицата од ранливите категории, да се создаде систем кој ќе води евиденција но и грижа за нивната состојба.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет