ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ПОБРЗАМЕ СО РЕФОРМИТЕ И ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО И ЕУ: Македонија се празни, лани иселени над 20.000 граѓани!

Објавено на 19.08.2019 во 19:54:11 часот | Македонија

Иселениците ја живнаа локалната економија во општините на истокот. Но, деновиве тие ги напуштаат своите стари огништа, еден од нив е и Димитрија Атанасов од виничкото село Блатец, којшто пред 26 години се иселил во Пијамонте Италија. Откако останал без работа решил да бара егзистенција надвор од земјава, а за кратко време го повлекол семејството.

Пред 15 години беше една од најубавите рурални општини, откако бранот на иселување го фати овој крај, улиците станаа пусти, во текот на годината овде живеат повозрасни жители.

Општините во источниот регион веќе над десеттина години бележат намалување на бројот на првачиња, токму поради миграцијата на населението. Истражувањата на виничката невладина  ИНИ покажаа дека причината за иселувањето на населението во текот на минатите години  е животниот стандард  Единасетте општини од Брегалничкиот регион во првиот уписен рок во прво одделение запишаа 11 парлалелки помалку од планираното,  или  се запишале 300 првачиња  помалку. Во најголем минус годинава е Штип, додека во Виница веќе две години бројката е иста. Оваа учебна година ќе седнат од 150 до 160 првачиња во виничките училишта.

Линк до видео на ТЕЛМА.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет