Костадинов: Нема да ме исплашите, одговорете дали Мицкоски се видел со Груевски и Гаисер?

Објавено на 19.08.2019 во 18:58:06 часот | Македонија

Нити ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината, кога сум чист и целосно одговорен пред целата јавност, реагира портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, откако Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ го праша дали се плаши од фотографии и пораки во телефонот на осомничениот во „Рекет“, кои, како што рече Стоилковски, се со срамна и неморална содржина?

„Затоа сум секој ден пред граѓаните, со зборови кои тежат и со чист образ. Ајде сега да зборуваме за образите на Мицкоски и Јанушев. Редно е да каже дали се видел со Груевски, италијанскиот новинар и други луѓе од Словенија? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања“, напиша Костадинов на фејсбук.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет