ЕВЕ ГО ВАЛКАНИОТ ПЛАН НА ВМРО ДПМНЕ, ЕВЕ ЗОШТО БЕШЕ ЦЕЛАТА ДРАМА СО СНИМКИТЕ СО БОКИ: Ексградоначалникот Тони Трајковски побара изземање на Катица Јанева од ТНТ зашто се сомнева дека оштетен во Космос му платил на Боки 13!

Објавено на 15.08.2019 во 12:43:34 часот | Македонија

Oбвинетите во ТНТ за одмаздничкото уривање на големиот станбено-деловен комплекс „Космос“ на Фијат Цаноски, побараа изземање на Катица Јанева. Тие се сомневаат за поврзаност на директор на градежна фирма за кој било повлечено обвинението во ТНТ, со случајот „Рекет“, пренесе СДК.

„Во моментов е актуелен случајот ’Рекет‘ не само овде, туку и во целиот свет. Ние во поднесокот за изземање објаснуваме за фирмата ’Дрим билдинг‘, каде овластено лице е Адриан Амзоски, инвеститор во ’Космос‘. Во делот на сумата ова лице преку ’Дрим билдинг‘ има уплатено средства на организацијата ’Меѓународен сојуз‘, каде претседател е лицето Бојан Јовановски. Уплатената сума од над 16 милиони денари, е повисока од вкупниот годишен приход на ’Дрим билдинг‘”, рече обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба Тони Трајковски.

Судијата Огнен Ставрев им кажа на обвинетите дека Катица Јанева, ако е во постапка, таа е во друга постапка и оти друго обвинителство и секако судот ќе си кажат за таа истрага. Овде Јанева не ни е предмет на расправа, рече Ставрев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет