ОВА БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ВО ГРУЕВИЗМОТ: Антикорупциска отвара нови случаи, бара разрешувања, кривични пријави, глоби…

Објавено на 05.08.2019 во 21:28:49 часот | Македонија

Седуммина директори на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе треба да и платат глоби од по 150 евра на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) оти не доставиле анкетни листови. Меѓу нив е и новиот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

На денешната јавна седница антикорупционерите информираа и дека ќе го испитаат имотот на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски. Комисијата го отвори овој предмет откако во дел од медиумите беше објавена информација дека Василевски купил стан од фирма на осомничен во случајот „Поштенска банка“ за кој СЈО не побарало замрзнување. Се истражува начинот на стекнување на имотот и средствата со кои е купен.

Според членот на ДКСК, Софка П. Дојчиновска, Комисијата бара поништување на ланскиот оглас за вработувањата на Клиниката за стоматологија „Св. Пантелејмон“ и разрешување на директорката Амела Цана. Дојчиновска појасни дека директорката изборот го направила злоупотребувајќи го своето дискреционо право, а побара и отворање постапка за кривична одговорност за злоупотреба. Од антикорупциска велат дека „со ваквите мерки ќе се испрати порака дека ќе се санкционираат сите огласи во кои ќе се препознае политичко влијание“.

Антикорупциска оформи предмет и за дивоградбата кај охридскиот чинар на советникот на ДУИ, Нефи Усеини, но документацијата се уште се разгледува, по што ќе излезат со препораки и за овој случај.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет