ТОП 10 УСЛОВИ ЗА ДА ПОЧНЕМЕ НОВА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ПРОТИВ ВЛАСТА НА СДСМ!

Објавено на 03.07.2019 во 20:54:19 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Засега не се исполнети условите за да кренеме нова Шарена Револуција против власта на СДСМ.

Еве што треба да биде исполнето за да се кренеме на нозе:

1. Кога за Заев и Вице ќе почне да се шепоти а не да се вреска и хистеризира на социјални мрежи.

2. Кога Заев ќе почне да бега од интервјуа и од новинари.

3. Кога власта нема да се појавува на тв дебати.

4. Кога ќе почне да се креваат со динамит објекти на опозициски лидери и политички противници.

5. Кога ќе почне да се тепаат новинари со шипки по глава или да се бркаат со клоци од страна на министри во сред бел ден или пак ќе се пикаат новинарите во затвор за измислени криминали.

6. Кога ќе почнат да се гасат медиуми со упад на специјалци со чукови.

7. Кога ќе почне владата да користи народни пари за пропаганда.

8. Кога ќе се вадат пратеници од собрание со полициска сила.

9. Кога институциите не покренуваат судски и анти корупциски процеси за лица од власта.

10. Кога власта ќе ги крие скандалите на функционери до ниво да ја лаже јавноста дека црното е бело и обратно.

Бонус:

11. Кога власта ќе ја користи моќта и парите за изборна измама со уцени за бркање од работа, бутање на партиски војници во администрација, купување гласови со торби пари...

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија