Голем пожар во близина на граничниот премин со Бугарија – МВР информира дека границата е целосно затворена

Објавено на 06.06.2019 во 20:32:06 часот | Македонија

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот (денеска 6.6.2019), затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево.

Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет