БОМБА НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Го пуштив Орце Камчев во странство за да обезбеди пари за плати на 3000 вработени во неговите компании!

Објавено на 05.06.2019 во 20:25:25 часот | Македонија

Обвинителката Катица Јанев денеска информираше дека на бизнисменот Орце Камчев му е вратен пасошот, зошто осомничениот во случајот „Империја“ требало да учествува, како што рече „на некој Управен одбор“, но не знаеше каде. Сепак Камчев беше виден на европското првенство во Келн, Германија.

-Па сите обвинети бараат од СЈО да им се вратат пасошите или издавање на службе за одредени патувања што се неопходни. Истото се случи и со Орце Камчев, а истото се случува и со други лица осомничени и обвинети за кои за времен период им се дава можност да бидат надвор од Република Македонија, но притоа да не се попречува истрагата, ниту судењето бидејќи имаат други мерки кои ги почитуваат осмничените. Знаете поради презумцијата на невиност, дека додека не се осуди човек секој е невин, истото се случи и со Орце Камчев и мора да дозволиме да протокот на финансиите на сметките на правните лица да продолжат бидејќи се работи за многу вработени кај тие правни лица кои исто така треба да земат месечни надоместоци“, изјави Катица Јанева – СЈО, денеска во Клубот на пратеници.

Како што претходно објави „Фокус“, постои пракса на обвинети или осомничени да им се даваат времени пасоши, кои се во траење од шест месеци, но строго за лекување во странство, односно поради здравствени причини. Упатените велат, дека по завршување на обврската на осомнчениот во странство, тој треба да го врати пасошот веднаш, односно не значи дека може да шета со него. Рокот од шест месеци на кој се издава е пак поради административни причини, но тоа не значи дека осомничениот или обвинетиот може тие шест месеци постојано да патува.

Камчев до неодамна беше во куќен притвор, а во март со одлука на Врховниот суд беше пуштен да се брани од слобода.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет