УШТЕ ЕДЕН УСПЕХ НА ВЛАДАТА: ЗАПОЧНА ЕРАТА НА ДИГИТАЛНА ЦАРИНА!

Објавено на 02.06.2019 во 13:55:52 часот | Македонија

Денес, 1-ви јуни 2019 година, официјално и успешно започна примената на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Со примената на СОЦДАД, Царинската управа воведе револуционерни реформи во работењето, кои  се целосно во согласност со стандардите на Европска Унија.

Од пуштањето во примена на новиот СОЦДАД, во текот на првите 12 часа, процесирани се над 300 извозни декларации без ниеден регистриран технички проблем. Успешниот старт на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи и неговата понатамошна примена значително ќе придонесе за поефикасно спроведување на формалностите, во споредба со досегашниот систем базиран на употреба на хартија, унапредувањето на економскиот амбиент во државата и дополнителна придобивка во забрзувањето и олеснувањето на размената на стоки со најзачајните економски партнери на Република Северна Македонија.

Почетокот на примената на СОЦДАД е најголемиот чекор кон реализацијата на модернизација и дигитализација на царинското работење, со што се потврдува определбата на Царинската управа да биде лидер во регионот и во процесот на пристапување кон Европската унија.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет