ФАЛА БОГУ - Митко Јанчев за сообраќајната несреќа: Децата се добро, извршени се потребните интервенции!

Објавено на 02.06.2019 во 13:09:32 часот | Македонија

Синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев и неговото другарче, кои завчера беа повредени во сообраќајна несреќа во Кавадарци се во добра состојба. Моментално се наоѓале на клиника во Скопје, а веста ни ја потврди градоначалникот.

-Извршени се потребните интервенции, децата се во добра состојба, се ќе биде во ред. Се уште се наоѓаат во Скопје, на клиника – изјавил тој за ,,Фокус”.

Според МВР, несреќата се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче и сопатник – негов врсник. „Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот“,изјавија вчера од МВР.

Јанчев и неговата сопруга Веселка се родители на три деца, синовите Никола, Стојанче и ќерката Мила.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет