ЌЕ СНОСАМ ОДГОВОРНОСТ АКО СЕ УТВРДИ МОЈА ВИНА, ВЕЛИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ЛАЗОВСКИ ПО СООБРАЌАЈКАТА СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

Објавено на 30.05.2019 во 14:55:31 часот | Македонија

ЌЕ СНОСАМ ОДГОВОРНОСТ АКО СЕ УТВРДИ МОЈА ВИНА, ВЕЛИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ЛАЗОВСКИ ПО СООБРАЌАЈКАТА СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

Сообраќајката меѓу заменик-министерот за култура Владимир Лазовски кој го возел неговото службено возило и моториклист се случила на крстосницата меѓу Собранието и болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје (Фото: Влада на РСМ)

Ако се утврди моја вина ќе сносам одговорност, вели заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, по денешната сообраќајната незгода помеѓу неговото службено возило и моториклист.

„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност“, напиша Лазовски на Фесјбук.

Сообраќајката се случила на крстосницата меѓу Собранието и болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.

Актерот Драган Спасов-Дац во јануари 2018 си поднесе оставка од функцијата директор на Македонскиот народен театар (МНТ), по сообраќајна несреќа во која што возејќи под дејство на алкохол удри пешак. Тој тогаш изјави дека тоа што своеволно се повлекол од функцијата го прави различен од оние против кои се борел на протестите против претходната влада.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет