ГРАД СКОПЈЕ: ДЕМАНТ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на 21.05.2019 во 14:33:35 часот | Македонија

Градот Скопје целосно ги отфрла невистините изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соработката со компанијата ФЛАЈ КЕМ ДООЕЛ Скопје.

 

Градот Скопје целосно ги отфрла невистините изнесени за досегашната соработка со оваа компанија, како и за наводните нерегуларности.

Сакаме да ја информираме јавноста дека нашата соработка се заснова на јавен повик за јавна набавка распишан од Градот Скопје, која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите.

Град Скопје ја уверува јавноста дека сите законски прописи се запазени и дека нема никаков простор за сомнежи и шпекулации, а воедно апелира до сите компании и приватни лица, доколку имаат какви било забелешки и индиции дека постои некакво прекршување на законот, истото да го пријават до надлежните институции.

Станува збор за Јавна набавка за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот, која е целосно легална и постапката за истата е извршена согласно сите законски норми. Оваа јавна набавка е во зголемување на техничките можности на Инспекторатот на Град Скопје во мапирањето на диви депонии, а во насока на подобрување на животната средина и борбата против создавањето на диви депонии.

Посочената компанија која е избрана на јавниот повик е компанија со која Град Скопје има соработка и во минатото, поточно во 2016 година, кога истата по пат на јавна набавка е избрана за Изработка на видео документација за тековни инвестициони и инфраструктурни проекти на Град Скопје. За потсетување, во 2016 година градоначалник на Град Скопје и потписник на овој договор е Коце Трајановски, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Град Скопје

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет