ИСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Објавено на 17.05.2019 во 01:49:08 часот | Македонија

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ деновиве исчистија обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општина Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

ЈП „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет