Апелацискиот суд за куќниот притвор на Јанева: Обвинетата е жена, самохрана мајка, со влошено здравје, невработена…

Објавено на 21.11.2019 во 22:22:03 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Апелацискиотт суд Скопје во решението за пуштање во домашен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева како причина за својаа одлука наведува дека обвинетата е жена и самохрана мајка, со редовна медицинска терација, невработена и без имот.

„Апелациониот суд Скопје ги ценеше наводите истакнати во жалбите на обвинетата изјавена лично и преку нејзиниот бранител, со укажување дека неосновано спрема истата е определена најстрога предвидена мерка за обезбедување на нејзино присуство во текот на постапката, односно околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“, вели Апелацискиот суд.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Кривичниот совет на првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај постои основано сомневање доколку обвинетата биде пуштена да се брани од слобода.

„Може да се даде во бегство, да се сокрие или на друг начин да биде недостапна на органите на прогонот заради одбегнување на евентуална кривична одговорност, ако се има во предвид видот, карактерот и природата на кривичното дело, степенот на кривична одговорност, видот и висината на запретената казна за ваков вид на кривично дело за кое се терети обвинетата, како и соочувањето со можноста за изрекување на ефективна казна затвор, а во таа насока, на опасност од бегство укажувале и материјалните прилики на обвинетата која не поседува недвижен имот на свое име и што истата по разрешување од функцијата Јавен обвинител е невработена“, пишува во образложението од Апелацискиот суд.

Судскиот совет кој ја донел одлуката е составен од Јани Нича, претседател на советот, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски, членови на советот, со судски советник-записничар Павлина Црвенковска.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет