ЗА ОВА МОРА ДА НАЈДЕМЕ ЧАРЕ: 12.000 тони пластика и 7.000 тони моторно масло годишно ги загадуваат воздухот, водата и почвата

Објавено на 21.11.2019 во 21:34:07 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пишува Љубиша Арсиќ

Во пресрет на новата зимска сезона и опасноста од постојани загадувања на воздухот, и натаму во јавноста доминираат неколку причини за енормното загадување во текот на зимските месеци. Сите студии кои се објавени, но и актуелните експертски полемики се фокусираат на три групи загадувачи: индустриските капацитети и производствените погони, сообраќајот, како и користењето на штетни материјали за огрев од домаќинствата.

Засега, ниту едно истражување не оди подлабоко и не посветува внимание на други можни извори на загадувањето за мерките кои би се утврдиле како конечни во справувањето со загаденоста, да се однесуваат и на другите потенцијални загрозувачи на животната средина.

Ако се направи анализа преку официјалната статистика и бројките за увозот на моторни масла, како и непостоење на соодветно третирање откако тие масла ќе се искористат, но и на разликата колку пластика завршува на отпадите и на дивите депонии, а колкав дел од неа се рециклира, лесно се прецизира дека седум илјади тони моторно масло завршува некаде, а ниеден официјален орган не знае каде. Исто така,околу 12 илјади тони пластика завршува некаде, и освен што никој не води грижа каде се трупа ваквиот отпад, уште помалку постојат обиди како да се неутрализира мотороното масло и пластиката.

И изгорените моторни масла и депонирањето пластика се сериозни загадувачи на природата затоа што загадуваат буквално се, со нивно палење – воздухот, со нивно закопување – почвата, а понатаму низ почвата и воздухот- и водата.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

60 отсто од употребените моторни масла се претвораат во загадувач

Што покажуваат бројките и што може да се заклучи од нивната анализа и споредба?

Во текот на минатата, 2018-та година, според статистичките податоци за увоз, во Северна Македонија се увезле 11 илјади тони моторно масло. Тоа е маслото кое има широка потрошувачка, се користи за автомоблите, камионите, автобусите, но и за машините и опремата во индустријата. Каде завршуваат тие илјадници тони моторно масло откако ќе се искористат и откако веќе не се за употреба, односно се претвориле во штетна материја?

Во земјава постојат само три погони кои откупуваат изгорено моторно масло, што значи дека има простор и за други компании кои би инвестирале во систем за преработка на употребено масло. Една од фирмите е во Скопје и го откупува моторното масло од големите автомобилски сервиси – тоа се корпорациските сервиси на светски познатите марки возила, но во таа мрежа не се вклучени самостојните автомеханичари чија бројка и ангажираност ги прават значајни во придонесот со складирање на изгорено масло. Ова е една од критичните точки врз која не постои контрола, па така еден автомеханичар секој ден може да полни и до 50 литри изгорено масло кое само тој знае каде завршува.

Неформалните разговори со некои мајстори за автомобили откриваат дека некои од нив го истураат во околни реки и потоци, некои во каналите покрај обработливи ниви, некои пак го користат како огревно средство во работилниците, а дури и го продаваат по цена од 5 до 10 денари за литар на сиромашни граѓани кои го користат за греење во зима.

 

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Втората фабрика која апсорбира дел од изгореното моторно масло е во Штип. Таа произведува базно масло кое потоа го продава. Постои и една фирма во Тетово, која не е активна во последниот период, но со оглед дека е опремена со систем за преработка на масло, лесно може да се активира. Овие неколку погони складираат дел од употребените моторни масла, но, ни од далеку не можат да го покријат целиот увоз на масла.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Познавачите, кои сега се занимаваат и со измени во Законот за управување со отпад, пренесуваат дека најмалку седум илјади тони масла завршуваат некаде, или се горат, или се закопуваат, или се пуштаат низ водните текови, но никој не знае точно каде и никој не го контролира тоа. Затоа поголем број од производствените капацитети, фабрики, мини погони, никогаш не биле проверени што прават со маслата после нивната употреба, каде и како ги складираат, за што понатаму ги користат или каде ги исфрлаат?

Наместо да носат профит и вработувања, моторните масла го уништуваат здравјето

Секоја еколошки освестена држава има создадено систем како да се третираат моторните масла по нивната примарна употреба, а тоа значи отворање нови погони за преработка или пак, зголемување на производството на постоечките, што пак значи нови работни места и поважната крајна цел- заштита на природата и животната средина.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Дали евентуални измени во Законот за управување со отпад, кој неминовно мора да се адаптира на состојбата со отпадот на терен, можат да лоцираат правилен начин за третирање на изгорените моторни масла?

Едно од можните решенија е со формирање асоцијација на увозниците на масла, пример кој го познава европската пракса. Компаниите, пред се водечките нафтени, кои увезуваат моторни масла, трошокот што го имаат кон државата за генерирање отпад, да го пренесат во еден фонд на асоцијацијата, ако е неопходно и да го дополнат тој фонд со сума која пропорционално ќе се формулира согласно големината на увозникот. Со тие пари да се организира дистрибутивна мрежа за употребени моторни масла.

Што би значело тоа? Прво да се инвестира во буриња кои ќе бидат распоредени и во големите фабрики, но и кај индивидуалните автомеханичари. На постоечките погони за обработка на масла или на тие што би се отвориле финансиски да им се помогне транспортот- бурињата да завршат во погоните за обработка. Со тоа ќе се зголеми обемот на преработка на изгореното масло, ќе се стимулираат вработувања, а ќе се намали штетноста на маслата во природата. Иако неорганизираноста на државата и во делот со отпадите и депониите не дава голема надеж дека ова наскоро ќе биде можно, сепак е важно законските измени да го истретираат ова прашање затоа што само така прописите ќе бидат соодветни за ситуацијата на терен, се друго и понатаму ќе биде само слово на хартија.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Фаличен систем-нашата пластика се продава надвор, а се увезува иста таква за рециклирање

Неопходно е со измените во Законот за управување со отпад покрај решавањето на проблемот со огромните количини моторни масла да се надмине и депонирањето на пластика. Според статистичките податоци годишно се депонира и по 15 илјади тони пластика.

Во недостаток на планираните регионални депонии, кои практично би значеле селекција и обработка на сите видови материјали од отпадоците, државата нема решение со кое целосно ќе се анулира пластиката, иако количината која се создава во текот на една година е значителна и може да задоволи неколку погони кои би ја рециклирале. Тоа исто така би значело вработувања во фабриките за рециклажа, профит за сопствениците, но и ослободување на природата од пластичниот отпад. Но, во постоечката ситуација кога нема јасни законски одредби за третман на отпадот, кога нема современи депонии за селекција, надминувањето на проблемот со пластиката изгледа недостижно, а такво и ќе остане се додека не се промени целиот систем за третман на отпадот кој во моментов или не постои или не функционира.

Единствен начин на селекција на отпадот, со фокус на пластиката, прават граѓаните Роми, кои практично преживуваат со продажба на пластични шишиња. Друга организирана селекција на ѓубрето не постои. Но, последните неколку години максималниот износ што може да го соберат овие лица изнесува три илјади тони, што значи дека 12 илјади тони останува некаде на депониите, а голем процент од пластиката останува низ природата, онаму каде што ја фрлаат несовесните граѓани, како шумите, речните корита, провалии покрај патишта и други локации. Таа пластика најчесто се гори, или пак се закопува под земја, но како и да е, штетата врз животната средина е неизбежна, дали преку воздухот, почвата или водата. Тука проблем прави и законската можност трговци да откупуваат пластика од уличните собирачи и да ја продаваат надвор со што практично не се штитат домашните фирми кои рециклираат пластика.

На пример, постои фирма во Скопје која откупува тони пластика и ја продава во Романија, додека македонски фирми за рециклирање не можат да најдат сировини за рециклирање.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

За да биде ситуацијата уште позачудувачка, фирмите кои имаат системи за рециклирање се приморани да увезуваат пластика од Холандија, Англија, Албанија, Косово, и секогаш таа суровина е низок квалитет, наместо законски да се определи дека целата предност при откуп на пластиката ќе имаат токму погоните за рециклирање, што во моментов не е така.

Примерите од праксата се следни, две фирми, во Велес и Кавадарци, се обидуваат да рециклираат пластика, но никогаш немаат доволно количини суровини за обработка. Уште една фирма која беше единствена во Северна Македонија со рециклирање до квалитет за веднаш да се прават производи од пластика, и имаше извоз во Италија, во моментов е затворена. Токму поради овие причини- што 12 илјади тони пластика се носи на депониите и се уништува, а со тоа се загрозува здравјето на луѓето и затоа што и она што се собира од Ромите некому се дозволува да го продава надвор, наместо да го рециклираат домашните фирми. Затоа е неопходен нов систем- и со прописи и со ефикасен механизам.

Малку треба за да се направат драстични промени, но само ако се има волја и знаење.  А се мора да започне со измени во законските прописи и со изградбата на регионалните депонии кои всушност ќе бидат и селективни станици што значат здрава животна средина, а не, како што се плаши населението, дека новите депонии ќе им го загрозат животот. Неопходна е и едукативна кампања за жителите на местата во чија близина ќе се градат депониите. Тие законски измени мора да се прилагодат на теренските услови.

Идеалниот систем би подразбирал целосно рециклирање на сите 15 илјади тони пластичен отпад и обработка на сите 11 илјади тони моторно масло кое се увезува во државата. Така, ниту ќе има опасен отпад во природата, а ќе заживеат неколку фабрики со неколку стотини вработени. Жално е што овие работи се далеку од решение во 2020-та година, ако се знае дека целосни системи за рециклирање отпад постојат уште пред неколку децении и одамна функционираат во многу држави.

Љубиша Арсиќ, НОВА ТВ

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет