Пендаровски ги прими невладините, за прв пат загадувањето беше тема на советот за национална безбедност, ама не им го прифати барањето за ангажирање на војската во борба против загадувачите

Објавено на 14.11.2019 во 23:13:55 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници на здружени граѓански организации и инцијативи, потписници на отвореното писмо упатено до претседателот на 30 октомври 2019 година, поврзано со заштитата на животната средина.

На средбата, на која присуствувал и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, соопшти денеска Кабинетот на претседателот Пендаровски, биле разменети мислења за предлозите и иницијативите во отвореното писмо упатено за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено.

Претседателот Пендаровски пред претставниците на граѓанските организации и иницијативи посочил на потребата од меѓусебна координација и целосна вклученост на сите надлежни органи. Исто така изразил подготвеност да ги поддржи сите граѓански иницијативи што се во функција на надминување на овој проблем и да помогне во нивната комуникација со надлежните институции.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во таа насока, претседателот Пендаровски најавил дека заштитата на животната средина првпат ќе биде ставена како точка на дневен ред на идната седница на Советот за безбедност што ќе се одржи кон средината на декември 2019 година и на која ќе бидат поканети претставници на граѓанските организации.

Пендаровски, стои во соопштението, ја враќа Стратегијата за одбрана во постапка како стратешки документ, со цел во истата да бидат вклучени точки и мерки за еколошка безбедност, ќе ја застапува идејата за зголемување на државниот буџет за заштита на животната средина со цел да се приближи кон просекот на земјите-членки на ЕУ, а ќе даде поддршка за создавање национален фонд за заштита на животната средина.

– Во рамки на процесот на образовните реформи да се вметне задолжителен број часови со цел едукација, за учениците во основните и средните училишта да добијат образование за заштита на животната средина, ќе иницира претседателот Пендаровски, се посочува во соопштението.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Истовремено, Кабинетот на претседателот, на барање на граѓанските организации во комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање добил информација дека А-интегрираната дозвола за РЕК Битола ќе биде издадена во текот на декември 2019 година.

Претседателот Пендаровски ја поздравил иницијативата на Министерството за животна средина за донесување нов закон за управување со отпад.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во однос на барањето за ангажман на Армијата во справувањето со аерозагадувањето преку нивно вклучување во патроли и ноќни дежурства, Пендаровски истакнал дека внатрешниот ред во државата е надлежност на полицијата. Армијата, нагласил тој на средбата, веќе придонесува за заштита и за унапредување на животната средина преку низа активности, како што се засадување нови садници на опожарените места, расчистување на опожарените места, пошумување, расчистување на отпад од речни корита, селекција на отпад, активна обука и едукација на персоналот за грижа за животната средина.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет