Митко Јанчев распали по советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Ти ги каниш на свадба, тие ти велат со кого ќе седам на маса

Објавено на 14.11.2019 во 21:36:04 часот | Македонија

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на денешната седница даде свој коментар на текот на 34-та седница на Советот на Општина Кавадарци.

Јанчев се осврна и за напуштањето од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата со којашто се одбележуваат две години од новиот состав на локалната власт.

Имено, Јанчев вели дека сите ги поканил на пресот, но дека ВМРО-ДПМНЕ не сакале да застанат на пресот заедно со тие на СДСМ, а од друга страна се заблагодари на советниците на СДСМ, оти немале проблем да застанат сите заедно.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не фати вирусот – Ти го каниш на свадба, тој те прашува со кого ќе седам на маса, сликовите го опиша градоначалникот Митко Јанчев однесувањето на советниците.

Јанчев искажа и разочараност од тоа што советниците на ВМРО-ДПМНЕ од неразбирливи причини потоа одлучиле и да ја напуштат и седницата на Советот, на која се одлучувало за многу важни работи за граѓаните на Општина Кавадарци. Тој ги повика советниците од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, да ги смират своите суети и да ги надминат меѓусебните недоразбирања во партијата.

Политиката не е за секого, потенцира градоначалникот на Кавадарци, резигниран од однесувањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Од денес секој граѓанин будно и разумно да ги следи и да ги гледа однесувањата на сите политички партии и на сите поединечни советници, за кога ќе дојдат изборите направи правилен избор, порачува Митко Јанчев.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Јанчев на крајот со надеж дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се коригираат и се надева дека конечно неговата партија ќе стане партија од народот, а не партија за лични интереси, или партија водена во правец каде ќе носи само негативни моменти за општеството.

Ј.Ѓ

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет