Судијката Ристова: Кривичните дела сторени од функционери да не застаруваат лесно, да го следиме примерот на Хрватска

Објавено на 14.11.2019 во 21:21:30 часот | Македонија

 
* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Судијката Оља Ристова смета дека треба да се размислува за измени во Кривичниот Законик, со кои кривичните дела сторени од функционери ќе биде речиси невозможно да застарат. Таа го посочува хрватскиот модел.

-Некаде во 2012 година присуствуав на предавање кое го држеше г-дин Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Хрватска, денес претседател на ГРЕКО. Во своето предавање истакна дека во тогашните измени во Кривичниот законик на Хрватска е внесено дека, доколку функционер стори кривично дело за време на вршење на својата функција, застареноста се прекинува, односно истата почнува да тече од моментот на престанокот на функцијата.

На ваков начин, речиси не постои можност делото да застари. На пример, доколку министер стори кривично дело за време на вршење на својата функција, застареноста почнува да тече од моментот на престанок на мандатот. Доколку судија или обвинител сторат кривично дело за време на вршење на својата функција, во тој случај застареноста почнува да тече по констатирање дека ги исполниле условите за старосна пензија.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Исто така, Кривичниот законик на хрватска предвидува и построго казнување за функционери, во однос на други сторители за исти кривични дела, поѓајќи од фактот дека функционерите треба да имаат повеќе развиена свест од останатите и да служат за пример пред другите граѓани.

Време е да се размисли за ваков вид на измени и во нашиот Кривичен законик, вели судијката Ристова.

Инаку денеска запре кривичниот прогон против екс премиерот Никола Груевски во случајот „Тракторија“ поради застареност на кривичното дело за кое се гонеше.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет