БОМБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ЈОВАНОСКИ: Нелегално изградените објекти ќе бидат отстранети, законот важи подеднакво за сите граѓани

Објавено на 14.11.2019 во 15:59:44 часот | Македонија

 
* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Со цел да се отстранат сите дилеми и да запрат шпекулациите, лажните вести и клеветите на опозицијата насочени кон него како градоначалник, но и како физичко лице Илија Јованоски, за негова наводна вмешаност или соучество во изградбата на два објекти во градот, првиот човек на општина Прилеп денеска свика прес конференција.

„За објектот кој се гради во близина на Медицинското училиште, постои купопродажен договор на два субјекта, едниот физичко лице а другиот правен субјект, при што се продава приватен имот. Ниту Општината, ниту градоначалникот на било кој начин се вклучени во тој купопродажен договор. Со тоа што на Општината во адекватна висина и’ е платен данокот, за нас тука завршува целата работа. Категорично демантирам било каква моја вмешаност во изградбата на објектот, ниту како градоначалник на општина Прилеп, ниту како физичко лице Илија Јованоски“, изјави градоначалникот Јованоски.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Што се однесува до наводната изградба на хотел во градскиот пазар, Јованоски истакна дека такво нешто ниту се гради, ниту пак во деталниот урбанистички план е предвиден објект со таква намена.

„Станува збор за легализиран деловен објект, со кој ни Општината ни јас како градоначалник и физичко лице имаме некаква врска и каде неговиот сопственик сакал да го промени покривот на терасата од објектот. После добиената информација дека таму се прави нешто незаконски, на лице место излезе овластен градежен инспектор од Општината, кој на сопственикот му кажа да го отстрани нелегално изградениот дел. Доколку тоа не биде направено во законски предвидениот рок, Општината ќе биде приморана тој дел да го отстрани. Градењето е запрено и, уште еднаш ќе повторам, доколку сопственикот самиот не го отстрани во законскиот рок, ние тоа прислино ќе го направиме. Ова важи за сите граѓани на општина Прилеп, без разлика за кого станува збор. Додека сум јас градоначалник, законот за нелегално изградени објекти ќе важи подеднакво сите“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

На крајот, градоначалникот Јованоски изрази надеж дека со денешната прес конференција и изнесувањето на виделина на аргументите и вистината, ќе запрат сите клевети, обвинувања и инсинуации од страна на претставници на опозицијата. Во спротивно, како што нагласи, тој ќе биде приморан заштитата и правдата да ја бара кај соодветните институции.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет