ЗАЕВ, РАМА И ВУЧИЌ ВО ОХРИД ДЕНЕСКА НАПРАВИЈА НЕШТО НЕВИДЕНО ДОСЕГА НА ОВИЕ ПРОСТОРИ - СИ ЈА ЗАРАБОТИЈА ПЛАТАТА ШТО ЈА ЗЕМААТ!!!

Објавено на 10.11.2019 во 23:14:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Не сме навикнати да гледаме како лидерите на балканските земји си ги заработуваат своите плати кои им ги плаќаат граѓаните и фирмитр со своите даноци и давачки и казни.

Досега со децении се изнагледавме лидери кои се популисти кои мислат само на својот рејтинг, не ги решаваат проблемите, креираат нови, постоечките ги ескалираат, се прават големи Албанци, Македонци, Срби, Грци, Бугари...

Многу ретко сме виделе да седнат на маса и да сработат нешто добро за своите граѓани...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Но ете во Охрид го видовме и тоа чудо. Седнати заедно постигнаа договор со кој на балканот нема да се стои на граница туку ќе се патува ппбрзо со лична карта без двојни контроли, ако некој долета во Скопје и помине контрола нема пак да биде проверуван на границите со Србија, Албанија, Црна Гора...

Тоа ќе важи и обратно, па со ова ќе се зголеми протокот на туристи стока услуги итн итн...

Ова ќе значи во следните 10 години раст на економииите раст на платите процут на сржавите зголемување на животниот стандард...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 А можеше да биде поинаку, наместо вакви средби да гледаме мирновни конференции, воени кризи, бегалси кризи, сиромаштија, хаос, ужас, иселување, разрушување, гнев, тага, бес очај...

Наместо тоа ќе гледаме среќни туристи, бизнис, спорт, култура среќа развој надеж...

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Сакам да верувам дека ова е процес од кој нема враќање но можеби е тоа прејако да се каже, можеби сепак требаше да се случат еден Заев еден Рама па дури и еден Вучиќ кој како да научи од грешките на своето популистичко националистичко минато или добро навистина добро глуми, но ако, важно нека се труди човекот...

Ципрас придонесе многу за средување на нештата на балканот, да го видиме сега Мицотакис на дело, Борисов исто така помогна многу за балканот да биде едно нормално цивилизирано место...

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Ние како балканци може да бидеме многу среќни што се случува ова, навистина тие што останавме да живееме тука сепак почнува да ни се гледа светлото на крајот од тунелот, почнуваме да се надеваме дека и балканот еден ден ќе биде нормална европска територија каде се ќе биде спокојно и во ред како што треба со закон и ред и поредок и правила и мир и безбедност...

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 А сето тоа ќе биде вистина и секојдневие колку повеќе гледаме настани како овој во Охрид кога политичарите наместо да го тупат и да продаваат популизам и национализам конечно ќе решат да сработат нешто корисно за народите на балканот.
 
И тоа е голема промена, би рекол дури и револуција. Секако, ќе има сега многу мрчатори кои ќе направат се ваквите договори да ги прогласат за неуспех за пораз на Ззаев дека ова било мало лижавче во споредба со идејата за ЕУ, но не е така, ова е само привремено решение додека чекаме ЕУ да се реформира и додека чекаме ние да се реформираме, затоа што додека трае тој процес, процесите мора да се труркаат од нешто мора да се живее, нема животот копче за ПАУЗА.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ние и нашите економии и држави мора да работиме на олеснување на бариерите и на подобрување на процесите, не смееме да седиме со скрстени раце додека ЕУ се мисли дали да ја крене рампата, ние мораме да работиме и да се трудиме, политичарите мораат да си ги заработуваат своите плати, земјите мораат да идат напред, без разлика што мисли Макрон или некој после него.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија