ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ОРДАНОВСКИ: Палењето на контејнерите е дело на ВМРОВСКИТЕ тројки истренирана во ерата на Груевизмот, мене во 2015-та ми влегоа во двор и ми го запалија автомобилот, потоа полициските инспектори отворено ми рекоа - ОВА ТИ Е ПОЗДРАВ ОД ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ!

Објавено на 07.11.2019 во 22:43:05 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мала дигресија: Во првите денови од мај 2015 година, некаде околу еден часот по полноќ, со прерипнување на двометарската ограда од страна на пироманите (најмалку двајца) и со ставање на експлозивно-запалива направа под возилото, беше комплетно опожарен автомобилот паркиран во дворот на нашата семејна куќа во близината на Скопје. Благодарејќи на брзата интервенција на една од скопските противпожарни бригади се избегна поголема катастрофа која лесно можеше да ги зафати и нашата и соседните куќи. Штетата се мереше во неколку десетици илјади евра…

Буквално сите увидни полициски екипи тоа деноноќие – од првата полноќна патрола, преку криминалистичките инспектори утрото, до оние кои направија стручна форензика за подметнатиот пожар во раните претпладневни часови следниот ден – со загрижен тон и во доверба ми порачуваа: „Г-дине Орданоски, знаете од кого ви е овој поздрав, нели?!“

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Такви беа тие времиња… 2015… Неколку години потоа се обидоа и Собранието да го запалат.

По игра на случајот, оној од кого би требало да ми беше испорачан тој „поздрав“ таа мајска ноќ, кога им завршија обврските да владеат во земјава, во една патемна прилика ми се колнеше и ме уверуваше дека тој со палењето на автомобилот нема никаква врска. Нејсе.

Но, поентата ми е во нешто друго: Од 2015 година до денешен ден не сум викнат никаде и од никого за да бидам „надлежно“ информиран дали се води каква било истрага и дали има какви било резултати од неа! Ни лук јале, ни лук мирисале.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Поука? Слободно палете и автомобили и контејнери, а може и со згради да почнете, бидејќи овде ниту некој некого гони, ниту некој одговара и за тој вид на опасен криминал.

Важно е датум за преговори со ЕУ да добиеме!

Линк до целата колумна на ЦИВИЛ МЕДИА.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет