Меркел не ја прифаќа дијагнозата на Макрон за НАТО дека е на смртна постела

Објавено на 07.11.2019 во 22:25:30 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Германската канцеларка Ангела Меркел го отфрли мислењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“ и посочи дека такви коментари не се потребни.

На средбата со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, Меркел истакна дека Макрон „користи драстични зборови“, дополнувајќи дека тоа не е и нејзино мислење за соработката во НАТО.

– Не мислам дека вакви оценки се неопходни, па дури и ако имаме проблеми, треба да сме сплотени – потенцираше германската канцеларка.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од својата страна, Столтенберг потенцираше дека Алијансата е силна, укажувајќи дека САД и Европа „соработуваат повеќе отколку во изминатите декади“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“, а Европа на работ на амбис.

Во интервјуто Макрон ги предупредува европските земји членки дека веќе не можат да се потпираат на САД, односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на Алијансата.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет