ДА БИДЕМЕ РЕАЛНИ, И НАЈГОЛЕМИТЕ ХЕЈТЕРИ НА ЗАЕВ СЕ РАЗОЧАРАНИ - НАЈГОЛЕМ СКАНДАЛ НА ЗАЕВ ЗА 3 ГОДИНИ ВЛАСТ Е ШТО ИМ КРЕНА СЛУШАЛКА НА РУСКИ КОМИЧАРИ И ШТО СЕ СЛИКАЛ СО БОКИ 13-КА!

Објавено на 07.11.2019 во 19:06:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Дури и најголемиот хејтер на Заев кога ќе го прашаат на тв, значи Геро, дали Заев е вмешан во Рекет 1 и Рекет 2, тој вели нема за тоа докази и индиции?!?!
 
Еј и најголемиот хејтер на Заев признава дека премиерот е чист пред законот?!?!
 
Па ако во најголемите скандлаи нема негова инволвираност, што да се каже за политичката кариера и учинокот на човекот кој е 3 години на власт во земјава?!?!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Кои се неговите најголеми скандали и гафови?!

Дали ја користел МВР против критичарите и опозицијата?! Напротив, некои велат дека е многу мек премиер...

Дали има скандали за масовна пљачка?!?!

Дали има прислушкување, гасење медиуми, тепање и апсење новинари?!?!

Одете погледнете го порталот на Трендо кој секој ден го нарекува премиерот ЛУДАК, ГЛУПАК, ПРЕДАВНИК, ШУПАК итн итн и ќе видите дека на порталот има над 10-тиа реклами од најголемите македонски брендови, значи никој не се плаши да се рекламира кај критичар на владата?!?!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 За споредба, за Грујо скандалите беа толку страшни и толку бројни што човек да се чуди како успеал човекот 10 години да успее да го лаже народот и да го владее?!?!

Кревање на објекти на политички противници во воздух со динамит, апсење политички противници, тепање новинари, гасење медиуми, крадење избори, земање провизии, местење тендери...

Бегање од дебати, бегање од новинари, владеење со популизам, национализам, манипулации, режимска пропаганда платена од буџетот, влегување во судир со западот со соседите со Албанците...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Напротив, не само што нема скандали, најголеми беа тоа што Заев им кренал слушалка на руски комочари и што се сликал со Боки 13-ка, туку има и огромни успеси и достигнувања во сите области во општеството.

Од меѓународни односи, од плати, од социјала, екологија, инфраструктура, болници, демократија, безбедност....

Ако за момент се погледне реално, оваа влада ги оправда очекувањата, оние реалните и разумните...

Никој не рече дека земјава за 2-3 години ќе биде како Германија, но веќе личиме на една Хрватска, набргу ќе личиме на Словенија и за 5-10 години ќе личиме на Словачка, па по 5-10 години на Австрија, па по 5-10 години можеби ќе заличиме и на една Германија...

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Но за тоа треба да се работи, ќе треба да гласаме со памет а не со срце и со инат...

Ќе видиме што ќе биде и како ќе биде, многу работи зависат и од народот, не само од политичарите и од среќата или судбината која ни е пишана...

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Ако го вратиме ВМРО пак на власт, тогаш како народ нема да може да се амнестираме од одговорност, иако и сега тешко дека некој може да ог амнестира народот од одговорноста за тоа што Грујо 12 години успеа да ја јава и силува земјата...

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Јас верувам дека народот конечно има созреано и дека Заев и СДСМ ќе успеат пак да направат влада. Но едно е да веруваш, друго е да бидеш сигурен, тоа никој никогаш не може да го знае.
 
Наше е да му помагаме на народот да ја донесе правилната одлука, а на крај што ќе се случи само господ знае и тоа ќе мора да го прифатиме без многу да се трескаме од земјата.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Она што ме зачудува е што во земјава ми се чини дека има неприродно голем број на мрчатори, тупачи и цепидлачи кои се нешто бараат влакна во јајцето, како да имаат некаква чудна МАСОХИСТИЧКА потреба да не го видат доброто и само да одработуваат за работите да бидат полоши, чудна ми е таа болест на дел од македонската јавност, како опиени и замаени и замлатени цело време се противат на напредните либерални про-западни про-реформистички анти-мафијашки сили со некакви смешни замерки забелешки и инаетење, од икс причини, дали од некаков инат или одмазда што тие не биле ставени на функции, не знам...
 
Или пак се работи за некаква патолошка омраза кон СДСМ поради 12 години црна пропаганда, потсвесно го мразат СДСМ без да бидат свесни за тоа... Се е можно!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија