НА ТЕМАТА ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЦИ И ГАЗДИ: Треба да им се забрани да коментираат за плати и даноци на сите оние кои никогаш не пробале да тераат сопствен бизнис и да поделат барем една плата во животот!

Објавено на 31.10.2019 во 23:48:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Колку се смешни сите оние кои никогаш не пробале да поделат плата во животот.

Бизнисот е чиста математика, а против бројките не помага ниту господ. Или имаш профит или немаш и сите одат дома и фабриката се затвора.

Ако вие по закон барате од текстилните газди да делат високи минимални плати, а профитните маржи во тој бизнис се толку тенки што се друи и проѕирни, тогаш има само две решенија - или да се работи подолго време или да се работи побрзо за да се сработи повеќе за да може да се поделат платите и да се платат давачките и трошоците.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Затоа што не може секој да работи брзо, тогаш најлогично е да се работи малце повеќе. И така сите ќе имаат поголеми плати.

Арно ама тоа не им се допаѓа на сите аналитичари, професори, интелектуалци, НВО активисти, новинари итн итн, со еден збор на сите оние КОИ НИКОГАШ НЕ ПРОБАЛЕ САМИ ДА ПОДЕЛАТ ПЛАТА ПА ДА ВИДАТ КАКО Е?!?!

Треба да им се забрани да коментираат за плати и даноци на сите оние кои цел живот или чекале нешто од државата или работеле за некој друг. Особено па на оние кои никад не ни работеле, тие па највише се дерат!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Бизнисот е чиста брутална математика, или збирот на сработеното е поголемо од збирот на трошоците или ништо од бизнисот. Нема тука идеали, утопии, високи математики и место за приказни.

Приказната дека газдите се злобни копилиња е само една простачка омраза кон успешните. Не држи тој муабет. Пробајте да се бавите со бизнис и ќе видите дека работите не се така како што ви се чинат.

Тежок е тој живот, работиш 24/7 нема тогаш празници, стресот го носиш со себе и дома и во кревет, и кога сереш мислиш на кредитите и на даноците и на платите што треба да ги поделиш.

Стресот ти е најдобро другарче. Но кој не пробал не знае за што зборам и ќе се клешти како будала. Тоа е проблемот.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија